Согласно одредбите на Законот за заштита на податоците, поимот „обработувач“ значи физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Категорија на обработувач | Предмет на договорна обработка |
---|---|
застапници за осигурување и осигурителни посредници во различни правно-организациски форми (друштва за застапување во осигурување, брокерски друштва, туристички агенции и слично) |
вршење на застапување и/или посредување во осигурување |
договорни центри за асистенција |
вршење на услуги за асистенција, договорени со договорот за осигурување |
надворешни лекари цензори |
обезбедување стручна помош и мислења |
надворешни изведувачи на ИТ услуги |
вршење на услуги за одржување на системите, администрација и развој на системи и апликации |
изведувачки на уништување на документација со лични податоци |
извршување на постапки на одвезување и уништување на документација со
лични податоци
|
договорен партнер при реализација на маркетинг акција или настан |
вршење активности во врска со реализација на маркетинг акција или настан
|
печатници
|
вршење услуги на печатење документи |
детективи |
испитување на сомневања за осигурителни измами
|
Агенции за наплата на побарувања |
Вршење на услуги за наплата на побарувања по однос на должна премија за осигурување
|