Корисници на лични податоци

Листа на категории на корисници на лични податоци


Согласно одредбите на Законот за заштита на податоците, поимот „корисник“ претставува физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.

Личните податоци во некои случаи и во пропишаниот обем може да бидат откриени на следниве корисници / категории на корисници:

Корисник/категорија на корисници

Законски основ

Цел

Национално биро за осигурување

Закон за супервизија на осигурување, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот

обработка на лични и други податоци заради остварување на правото од осигурување на автомобилска одговорност во земјата и странство, размена на лични податоци за осигурување помеѓу осигурителни компании, склучување и спроведување на договори за осигурување и справување со побарувања, обезбедување податоци во согласност со закон, спречување осигурителни измами.

Други компании за осигурување

Закон за супервизија на осигурување

разгледување на барања во спорен осигурен случај за утврдување на фактички околности во постапката на решавање на осигурениот случај или истрага на сомнителни случаи на неправилно платени отштети или надоместок на осигурување, спречување на осигурителни измами

Реосигурители

Закон за супервизија на осигурување

за склучување и реализација на реосигурување, следење на трендови и со нив поврзани ризици на осигурителниот пазар

Судови

Закон за парнична постапка

За водење на судски постапки

Судски вештаци, судски проценители и судски преведувачи

Закон за парнична постапка

За давање мислења во врска со стручни прашања, за кои така е одредено со закон или врз основа на проценка на судот, давање извештај за економските својства на предметот или правото и за проценка на неговата вредност, односно вредноста на штетата предизвикана на него, преведување на рочишта и преведување на документи

Полиција, обвинителства

Закон за полицијата, Закон за кривична постапка, Закон за прекршоци, Закон за јавно обвинителство

Спроведување на полициските овластувања и овластувањата на јавните обвинителства

Оштетени

Закон за облигациони односи, Закон за супервизија на осигурување и др.

За остварување на отштетни барања и барања од осигурувањето

Адвокати

Закон за адвокатурата

За целите на правно застапување на странката или контролорот во конкретен предмет

Други лица, врз основа на согласноста на клиентот

Согласност

За целите, наведени во согласноста

Работодавач на осигуреникот

Закон за супервизија на осигурување, Закон за облигациони односи

Уплата од работодавачот за колективно осигурување

Странско биро за осигурување и странска компанија за осигурување,

Закон за задолжително осигурување во сообраќајот

Разгледување на отштетни барања, кои произлегуваат од осигурувања, согласно Уредбата 785/2004/ЕЗ, кога во несреќа учествува странски државјанин

Извршители

Закон за извршување

За спроведување на наплата на побарувања по основ на неплатена премија и регресни побарувања за извршување

Надворешни ревизори

Закон за ревизија, Закон за супервизија на осигурување, Закон за трговски друштва

Вршење на надворешна ревизија на работењето на друштвото, контрола на функционирањето на информатичките системи

Детективи

Легитимен интерес

Испитување сомневања за осигурителни измами

Надворешни изведувачи на ИТ услуги

Легитимен интерес

Решавање на технички и кориснички проблеми во одделен случај

Именувани изведувачи на поштенски услуги

Закон за поштенски услуги

Вршење на универзални поштенски услуги

Банки, лизинг компании и други кредитодавачи

Закон за банкарство, Закон за потрошувачки кредити, Закон за облигациони односи

За целите на реализација на залог на права од договор за осигурување (винкулација) и за намените за утврдување на кредитна оценка на кредитокорисниците

Други лица, на кои им ги откриваме вашите лични податоци


Личните податоци можат да бидат откриени на други лица кога обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на Триглав Осигурување АД, Скопје, и законските надлежности на одредени тела и други носители на јавни овластувања. Таквите случаи претставуваат спроведување на обврските во однос на органите за надзор на Триглав Осигурување АД, Скопје, кои вршат надзор над работењето на пазарот на осигурување, заштитата на потрошувачите, исполнување на даночните обврски, обработка на лични податоци и / или исполнување на други законски овластувања: Агенција за супервизија на осигурување, Управата за јавни приходи, Пазарен инспекторат на Република Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци, Завод за статистика, Државниот инспекторат за труд и други).

Откривања во Групацијата Триглав

Во случај на Ваша изречна согласност, личните податоци може да се обработуваат и за целите, кои што посебно сте ги навеле и во компаниите на Групацијата Триглав, со седиште во Република Северна Македонија, кои се занимаваат со осигурителна дејност и/или финансиски услуги (тука спаѓаат Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав Пензиско Друштво).

 

Complementary Content
${loading}