Лични податоци во подрачјето на осигурување

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИТЕ ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ОСИГУРУВАЊЕ

Овие информации се наменети за запознавање на клиентите на Триглав Осигурување АД, Скопје со информациите што мора да ги обезбедиме во врска со обработката на Вашите лични податоци во согласност со членовите 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

Во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, ние вложивме максимални напори да ги претставиме информациите во концизна, транспарентна и што по разбирлива форма.

1.

Контролор на лични податоци и контакт податоци

Контролор:

Триглав Осигурување АД, Скопје

бул.8-ми Септември бр.16

1000 Скопје

+389 (2) 5102 222

osig@triglav.mk

Со лицето офицерот за заштита на податоците може да стапите во контакт:

Триглав Осигурување АД, Скопје Офицер за заштита на личните податоци

бул.8-ми Септември бр.161000 Скопје

oficer.lp@triglav.mk

2.

Како ги добиваме вашите лични податоци:

 

 

Личните податоци ги добиваме директно од вас.

При извршување на нашите услуги, во согласност со прописите може да користиме лични и други податоци добиени од следниве извори:

• од базите на податоци на државните органи,

• од базите на податоци на даватели на здравствени услуги и сродни услуги и од Заводот за здравствено осигурување,

• од базите на податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за труд и социјална политика,

• од базите на податоци на министерството надлежно за транспорт, министерството надлежно за внатрешни работи и организациите што вршат хомологација и регистрација на возила,

• други бази на податоци на одделни осигурителни компании и Националното биро за осигурување,

• државни органи, органи на самоуправни локални заедници, јавни агенции, јавни фондови и други лица од јавно право, како и носители на јавни овластувања и даватели на јавни услуги, врз основа на писмено барање и во врска со базите на лични податоци, што тие ги водат,

• од други лица кои знаат нешто за случајот со осигурувањето (на пр. сторители на штета, оштетени, сведоци),

• јавно објавени податоци и/или бази на податоци врз основа на јавно објавени податоци

• и од други лица, врз основа на Ваша согласност.


2.1

Категории на лични податоци

Триглав Осигурување АД, Скопје во базите на податоци, што ги воспоставува, води и одржува, во согласност со прописите, што ја регулираат заштитата на личните податоци и осигурувањето ги собира, чува, пренесува и користи (во натамошниот текст: обработува) следниве лични податоци на поединци:

• податоци наведени во договорот за осигурување (т.е. понуда за склучување на осигурување односно изјава за пристапување со пополнување и изјави, полиса за осигурување, специјални писмени извештаи), во анекси и додатоци на договорот за осигурување, вклучително и прашалници);

• податоци за случаите на осигурување и за проценка на осигурителното покритие и висината на отштетата или на надоместокот за осигурување и за спроведување на постапки за регрес;

• податоци, кои Триглав Осигурување АД, Скопје ги добива во други комуникации со договорувачот на осигурување, осигуреникот или трети лица (на пр. при наградни игри, настани организирани од Триглав Осигурување АД, Скопје, , употреба на веб апликации, итн.);

• податоци за дадени согласности и податоци обезбедени од поврзана компанија во Групацијата Триглав врз основа на Ваша согласност.

Посебни видови лични податоци

Врз основа на  Законот за супервизија на осигурување, Законот за доброволно здравствено осигурување исто така ги обработуваме Вашите здравствени податоци (на пример податоци за ваши претходни повреди, здравствениот статус, видот на телесните повреди, времетраењето на лекувањето и последиците за осигурената и оштетената страна, трошоците за медицинска нега, лековите и медицинските помагала за осигуреникот и за оштетеното лице). Овие податоци ги добиваме директно од Вас (здравствен прашалник, историја на пациент), но исто така можеме да ги добиеме од Вашиот лекар, други даватели на здравствени услуги или други лица, доколку тоа е одредено со прописите или ја имате дадено Вашата согласност.

Во Триглав Осигурување АД, Скопје, исто така обработуваме посебни видови на податоци поврзани со Вас и врз основа на легитимниот интерес, кога во врска со исплата на регресно побарување ќе не известите за лични околности што Ви го отежнуваат плаќањето или за тоа ќе нè известат лицата што сте ги овластиле. Во наведените случаи, од Вас или од Вашиот ополномоштеник ќе побараме дополнителни докази, кои ги потврдуваат наведените околности и кои можат да содржат информации за вашата финансиска, социјална или здравствена состојба. Врз основа на обезбедените докази, Триглав Осигурување АД, Скопје ќе може да одлучува за основаноста на Вашето барање и како доверител, соодветно да ги процени причините за намалување, отпис или ублажување на плаќањето на регресното побарување.

Во базата на податоци за случаи на осигурување и за проценка на осигурителното покритие во согласност со Законот за супервизија на  осигурување, ние исто така обработуваме лични податоци за кривични дела и прекршоци поврзани со случаи на осигурување, при што обработката на лични податоци се изведува само во оној обем, што е неопходен за да се постигне целта на обработката од точка 3.

3.

Цели на обработка на личните податоци:

Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурување, Законот за облигациони односи, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, и во согласност со другите законски и подзаконски прописи што го регулираат обемот и целите на обработката на личните податоци, кои ги обработуваме како контролор.

3.1

Исполнување на договорните обврски

 

 

Така, главните цели на обработка на Вашите лични податоци, пред се, се: утврдување на потребите и барањата на клиентите, водење преговори за склучување договор за осигурување, склучување и спроведување на договори за осигурување, што исто така вклучува и наплата на неплатени обврски од име на договори за осигурување, решавање на штети, реализација на барања за поврат и други права и обврски, вклучително и истрага на сомнителни случаи на неправилно платени оштети или надоместоци од осигурување, коишто произлегуваат од осигурување, проценка на соодветноста и адекватноста на осигурителната услуга или производ според потребите и барањата на клиентите..

Обемот на обработка на лични податоци зависи од видот на одделниот производ за осигурување.

3.2

Легитимни интереси

Кога е потребно, Вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на легитимни интереси, кои вклучуваат:

 

• подобрување, развој и надградба на услугите, системите и производите на Триглав Осигурување АД, Скопје за лесно, ефикасно и безбедно работење,

• за техничко одржување на нашата веб-страница и услуги со цел да се обезбеди безбедноста на веб-страницата и сродните услуги и со цел да се спречат злоупотреби,

• управување со односите со клиентите и следење на задоволството на клиентите (обезбедување апликации со информации во врска со склучени договори и заради обезбедување на дополнителни попусти и поволности) (Триглав Комплет), анкетирање, издавање на бонуси за плаќање премии, наградување на лојалноста на клиентите со промотивни подароци, спроведување на програми за бенефиции и сл.),

• подобрување на деловната комуникација со маркетинг содржина,

• подготовка за разговор за продажба и преглед на претходно склучени осигурувања,

• контактирање на клиентот за обновување или продолжување на осигурувањето,

• понуда на нови осигурителни производи со ново покритие, кога таквите потреби и барања на клиентот се идентификуваат за време на разговорот за продажба,

• испраќање понуди до сите потенцијални клиенти без претходно профилирање и испраќање понуди со претходно профилирање, кога користиме тесен сет лични податоци, кои не се посебни категории на лични податоци (пр. лично име, адреса на постојан или привремен престој, телефонски број, е- пошта, број на факс, возраст, пол, видови склучени договори за осигурување, време на истекување на договорот, итн.),

• обезбедување на функционирањето на информатичките системи, безбедност на мрежата и информациите (спречување на настани, незаконски или злонамерни акти што ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци, како и безбедноста на сродните ИТ услуги), спречување на неовластен пристап до информатичките системи на Триглав Осигурување АД, Скопје и реагирање на компјутерски безбедносни закани и инциденти,

• заради заштита и осигурување на имотот и вработените во компанијата за осигурување од закани и насилство и во слични случаи кога без обработка на лични податоци на поединците не би можела да ги осигура и оствари сопствените легитимни интереси и права што ги ужива во согласност со  законите,

• заради склучување, обработка и размена на лични податоци за цели на реосигурување,

• за вршење на актуарски пресметки и порамнувања и за контрола на исплатата на провизиите на застапници за осигурување,

• за испитување на сомнежите за измама во осигурувањето,

• со цел разгледување на барањата на регресни должници и лица кои имаат интерес за плаќање на регресното побарување и имаат овластување да го застапуваат регресниот должник, во врска со разгледување на лични околности поврзани со плаќање на регресни побарувања.


3.3

Извршување задачи во јавен интерес или при спроведување на јавни овластувања доделени на контролорот

Кога обработката е неопходна за исполнување на нашите законски обврски, кои се вршат од јавен интерес:

• спроведување на даночни обврски,

• надворешни ревизии на работењето во согласност со прописите од областа на осигурувањетои ревизијата,

• спроведување на санкции во согласност со домашните и меѓународните регулативи,

• спроведување на обврските во однос на органите за надзор на осигурителната компанија, кои вршат надзор врз работењето на осигурителниот пазар, заштита на потрошувачите, исполнување на даночни обврски, обработка на лични податоци и исполнување на други обврски (на пр. Агенција за супервизија на осигурување, Управата за јавни приходи, Пазарен инспекторат, Агенцијата за заштита на личните податоци)

• и во други случаи во согласност со позитивните законски прописи.

3.4

Согласност

 

 

Вашите лични податоци може да ги обработуваме за одредени цели само врз основа на Ваша согласност (на пример за сегментиран (директен) маркетинг, вклучително и профилирање, што го извршуваме за маркетинг на нашите производи и услуги и за пласман на производи и услуги на компаниите од Групацијата Триглав, или/и за пренос на вашите лични податоци до компаниите во Групацијата Триглав – (за комплетна листа на компании, посетете ја веб-страницата на Групацијата Триглав, www.triglav.eu) со цел подготовка на прилагодени понуди за Вас од нивните сопствени производи и услуги.

Ако ни дадете согласност за сегментиран (директен) маркетинг, вклучително со создавање профил, ќе можеме да ги обработиме следниве Ваши податоци: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, е-пошта, телефонски број, број на мобилен телефон, доколку ни ги дадете.

Дополнително, за маркетинг цели засновани врз согласност, можеме да обработиме информации за вашата возраст и/или обемот на осигурување и/или времетраењето на осигурувањето за да обезбедиме дека,  во врска со дистрибуцијата на производите за осигурување според видот на осигурителниот производ што го пласираме, ги земаме предвид барањата и потребите на нашите клиенти.

Ако ни дадете согласност за доставување на податоците до компаниите во Групацијата Триглав ние ќе им ги доставиме следните ваши податоци: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, е-mail, телефонски број, број на мобилен телефон.

Во случај на снимање телефонски повик, изречно ве предупредуваме на тоа, пред снимањето на телефонскиот разговор. Снимката ја чуваме за да можеме со неа да ја докажеме Вашата согласност.

Вие секогаш имате право да се спротивставувате на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Во секое време можете делумно или целосно да ја отповикате Вашата согласност.

Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката што била извршена пред вашето отповикување.

4.

Корисници и категории на корисници на лични податоци и обработувачи на лични податоци

Во Триглав Осигурување АД, Скопје, Вашите лични податоци ги обработуваат лица задолжени за исполнување на договорни и законски обврски (вработени).

Меѓу корисниците на лични податоци, во согласност со прописите, се Националното биро за осигурување и другите осигурителни компании во обем и за целите одредени со прописите како и други категории на корисници наведени во Листата со категории на корисници на лични податоци подолу во оваа политика.

Вашите лични податоци исто така можат да бидат обработени од наши договорни обработувачи на лични податоци, чии договорни обврски во врска со обработката на лични податоци внимателно се контролираат (на пр. застапници за осигурување и посредници во различни организациски форми, даватели на услуги за маркетинг, печатници, даватели на индивидуални ИТ услуги, банки и лизинг компании со кои имате склучено кредитен или друг договорен однос и други).

4.1

Други лица на кои може да им се откријат вашите лични податоци

Во рамките на законските обврски до Вашите лични податоци може да пристапат и надзорни органи (точка 3.3) и други лица, кога за тоа сте дале согласност или за пристап до податоците имаат законска основа и/или докажуваат правен интерес.

5.

Колку долго ќе ги чуваме вашите лични податоци?

 

 

Вашите лични податоци во врска со склучениот договор за осигурување ги чуваме:

• 10 години по истекот на договорот за осигурување,

• во случај на настанување на штета, 10 години по затварање на случајот,

• во случај на судска постапка за наплата на неплатени обврски што произлегуваат од договори за осигурување, 10 години по завршувањето на судската постапка,

• податоците во врска со осигурен случај и за проценка на осигурителното покритие и износот на надомест на штета, односно надомест за осигурување се чуваат 10 години по завршувањето на обработката на осигурениот случај.

• во случај на обработка на вашите податоци врз основа на посебни законски обврски на кои се предвидени за Триглав Осигурување АД, Скопје обврските на компанијата се до истекот на посебните законски рокови за нивно чување.

Осигурителната компанија ги чува вашите лични податоци, кои ги обработува врз основа на ваша согласност, сè до отповикување на согласноста од Ваша страна. Истото важи и за обработка на овие податоци во поврзаните компании (точка 3.4), на кои, со Ваша согласност, им биле доставени личните податоци за истата цел на обработка. Другите лични податоци добиени во рамките на склучување или спроведување на договор за осигурување или врз основа на закон, компанијата за осигурување ги чува до истекот на законскиот период за чување.

6.

Дали моите лични податоци ќе се изнесуваат во трети држави?

Пренос на податоци во трети држави, односно надвор од Европската унија се врши во согласност со условите утврдени со одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Со оглед на горенаведеното, пренос може да се случи во согласност Кодифицираната директива 2009/103 / ЕЗ за осигурување на автомобилска одговорноста, која ги утврдува обврските на осигурителните компании во врска со осигурување на автомобилска одговорност и разгледувањето на отштетни барања во системот на зелен картон. Податоците во овие постапки се испраќаат по препорачана пошта или по е-mail обезбедени со криптирање TLS/SSL.

7.

Дали имам некаква обврска во врска со обезбедувањето на личните податоци?

Треба да ни ги дадете информациите што ни се потребни за склучување, реализација и исполнување на договорните обврски и податоците што осигурителната компанија мора да ги собере во согласност со пропишаните обврски (на пример во согласност со прописите од областа на осигурувањето, даноците,). Без вашите податоци, не можеме да склучиме договор со вас, ниту да го реализираме или исполниме, ако веќе сте го склучиле.

Ако Вие или лицето што сте го овластиле да ве застапува не известите за околностите што ви го отежнуваат плаќањето во врска со регресно побарувањето, ќе Ве повикаме да доставите докази со кои ќе се докаже неможноста да се плати обврската. Врз основа на обезбедените докази, ќе можеме да одлучиме за основаноста на Вашето барање, во согласност со интерните акти.

8.

Дали се врши автоматизирано донесување одлуки, кое вклучува профилирање и има правни или други ефекти врз мене?

Профилирање или обработка на некои од Вашите лични аспекти се користи во следниве случаи:

• во согласност со законот за осигурување, во постапката за селекција и проценка на ризик, како и при одредување на премии и при исплаќање на надомест од осигурување може да обработиме некои податоци (возраст, здравствена состојба, инвалидитет и професија и други лични околности што можат оправдано да влијаат на висината на преземениот ризик, освен пол мајчинство и бременост), во врска со осигурување од незгоди и здравствено осигурување, земајќи ја предвид личната околност на полот при пресметувањето на премиите и давачките на заедничко ниво. Осигурителните компании можат да го процесираат родовиот фактор за пресметка на осигурително-техничките резерви и за интерно одредување на цените, за одредување на цените на реосигурување, за маркетинг и рекламирање и за проценка на ризик на здравствено осигурување и осигурување од незгоди,

• во случај на остварување на одредени легитимни интереси наведени во точка 5,

• во сите случаи кога при собирањето на информации или подоцна сте ни дале изречна согласност за таква обработка.

 

Триглав Осигурување АД, Скопје не го користи претходно презентираното профилирање за донесување одлуки што би се засновале само на автоматизирана обработка или би создале какви било правни ефекти за вас или на сличен начин би можеле значително да влијаат врз вас.

9.

Дали податоците се пренесуваат во трети држави или меѓународни организации?

Во случај да е неопходен пренос на личните податоци во трети земји или меѓународни организации, ние пред преносот внимателно ќе провериме дали има соодветна правна основа за таков пренос и заштитни мерки (постоење на одлука за сообразност, постоење на обврзувачки деловни правила, примена на т.н. стандардни договорни клаузули, одобрени механизми за сертифицирање (на пр. Штит на приватноста помеѓу Европската унија и САД), користејќи таканаречени стандардни договорни клаузули).

10.

Кои се моите права во врска со моите лични податоци?

 

Во секое време можам да побарам:

• пристап до моите лични податоци (добивам информации за тоа дали во врска со мене обработувате лични податоци, да пристапам до нив, или да добијам копија од личните податоци, да добијам информации за целите на нивната обработка, видовите на податоци, корисниците на овие податоци или нивните категории и сл.)

• корекција или бришење на моите лични податоци (бришење не може да се бара за податоци кои се чуваат или обработуваат врз основа на закон, а во некои случаи бришењето на податоците значи и раскинување на договорниот однос со нас)

• ограничување на обработката на моите лични податоци (на пример: се додека не се провери нивната точност)

• пренос на моите лични податоци (во случај податоците да се обработуваат врз основа на согласност или склучени со заеднички договор и со автоматизирани средства, добивам лични податоци што се однесуваат на мене или барам да бидат предадени на друг контролор)

• поништување на одлука заснована исклучиво на автоматизирана обработка, која вклучува профилирање и има правни или слични значајни ефекти врз мене, а во исто време оваа одлука не е неопходна за склучување или реализација на договорот, односно не е дозволена во регулативата на Република Северна Македонија или не се заснова на мојата експлицитна претходна согласност

• да дадам приговор на обработката на лични податоци што се однесуваат на мене, што се одвива единствено во легитимен интерес на Триглав Осигурување АД, Скопје или од јавен интерес (во тој случај ќе престанеме да ги обработуваме вашите лични податоци; исклучок е ако докажеме дека имаме легитимни причини за нивна обработка, кои ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, односно дека ни се потребни за остварување, реализација или одбрана на правни барања).

Ако Вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на Ваша согласност, вие може кога било, привремено или трајно да ја отповикате дадената согласност за обработка. Во овој случај, Вашето отповикување важи во иднина и не влијае на обработките што биле извршени пред отповикувањето.

Своите барања може да ги остварувате:

• со писмено барање испратено на адреса: Триглав Осигурување АД, Скопје бул.8-ми Септември бр.16, 1000 Скопје или на

• oficer.lp@triglav.mk

Кога имаме легитимни сомневања во врска со идентитетот на лицето кое поднесува барање за остварување на некое од неговите права, можеме да побараме од него да обезбеди дополнителни информации потребни за да се потврди идентитетот на лицето, на кое се однесуваат податоците од барањето.

Доколку барањата на лицето на кое се однесуваат личните податоци се очигледно неосновани или претерани, особено ако се повторуваат, Триглав Осигурување АД, Скопје:

• наплатува разумен надоместок, земајќи ги предвид административните трошоци за доставување на информации или известувања или спроведување на потребната мерка;

• или одбива да постапи по барањето.

Во случај на какви било прашања или во врска со остварување на вашите права, исто така може да контактирате со нашето овластено лице за заштита на личните податоци: oficer.lp@triglav.mk

Контролата врз законитоста на обработувањето и заштитата на личните податоци, воопшто во Република Северна Македонија ја спроведува Агенцијата за заштита на личните податоци.


Complementary Content
${loading}