Промена што се чувствува
За поединецот. За заедницата. За иднината.
Втората сезона на Триглав Зелена Лига инспирира еколошка промена и создава нови навики за поздрав, поисполнет и поодговорен живот. Ги спојува личната мотивација, грижата за животната средина и корпоративната одговорност. Овојпат, со уште поголеми амбиции, поширок опсег и подлабоко општествено влијание.
Нашата мотивација е едноставна: промената е неизбежна, важна и почнува од сите нас. Веруваме дека секој мал чекор – пешачење до работа, избор на здрава храна или предизвик за еко-акција – има моќ да предизвика голема трансформација. Триглав Зелена Лига е наш начин да ја поттикнеме таа промена – заеднички, одговорно и инспиративно.
Оваа сезона ја прошируваме нашата визија со повеќе предизвици и продлабочен фокус на целокупната благосостојба на учесниците. Остануваме верни на нашата главна мисија – заштеда на 365 тони CO₂, преку охрабрување на алтернативни начини на движење: пешачење и возење велосипед. Но овојпат, Триглав Зелена Лига е многу повеќе.
Што вклучува Триглав Зелена Лига vol.2?
✅ Еден главен предизвик – заштеда на 365 тони CO₂, со замена на автомобилот со пешачење и возење велосипед.
✅ 12 месечни предизвици – фокусирани на одржливост, физичко и ментално здравје, здрава исхрана, активен начин на живот и општествена одговорност.
✅ Соработка со експерти од различни области, кои ќе понудат едукативна и практична поддршка.
✅ Интеракција и ангажман – активности, кои што ги мотивираат учесниците да се движат, да соработуваат, да учат и да се натпреваруваат.
✅ Мерење и видливост – транспарентен дашборд за следење на напредокот и заедничките резултати во намалувањето на CO₂.
✅ Награди и признанија – секој месец ги наградуваме поединците, кои постигнале најдобри резултати во изминатиот месец, а главната награда ќе ја добие тимот, кој ќе има најголем придонес во реализација на предизвикот.
*Напомена: Еден поединец може да добие награда за Еко-херој најмногу 3 пати во текот на годината.
Триглав Зелена Лига значи шанса за развој на нови, здрави навики, лична мотивација и чувство дека сме дел од нешто поголемо. Таа е можност за реална поддршка на ESG целите, зајакнување на тимскиот дух и промоција на општествена одговорност.
Како да се приклучите во Триглав Зелена Лига?
Многу едноставно. Потребни се само неколку чекори:
- Пријавете го своето учество на следната форма
- По пријавата (најдоцна до 1 час) ќе добиете линк, преку кој што ќе треба да го комплетирате вашиот кориснички профил. Доколку немате добиено маил за потврда, проверете за секој случај во junk/spam/promotions, бидејќи мејлот е можеби таму пристигнат.
- Направете download на новата апликација Challenger (од Google
Play или App
store).
Бидете дел од промена, што се гледа и чувствува
Придружете се на Триглав Зелена Лига и бидете амбасадори на промена, кои, не само што го намалуваат сопствениот еколошки отпечаток, туку ја менуваат корпоративната култура во правец на одржливост и здрав животен стил.
Вашата компанија ќе биде видлива на нашата платформа, со можност да го споделите својот напредок, искуства и резултати. Заедно ќе градиме заедница на одговорни, активни и посветени поединци.
Промената е неизбежна. Важна. И почнува од сите нас.
Бидете дел од втората сезона на Триглав Зелена Лига – затоа што секој чекор значи.