Управниот одбор на Заваровалница Триглав го свика 49-то собрание на акционери, кое што ќе се одржи на 4-ти јуни, 2024-та година.
Соопштение за медиуми
Љубљана, 26 април 2024 година
Известување за редовно годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав д.д.
Управниот одбор и Надзорниот одбор предложуваат дивиденда од 1,75 евра бруто по акција
Управниот одбор на Заваровалница Триглав го свика 49-то собрание на акционери, кое што ќе се одржи на 4-ти јуни, 2024-та година во 10:00 часот во Хотел Гранд Плаза во Љубљана.
На Годишното собрание на акционери, акционерите ќе бидат запознати со годишниот извештај на Групација Триглав и Заваровалница Триглав за 2023 година, во кој што, поради еднократни несакани настани, резултатите на Групацијата се пониски отколку што првично се очекуваше. И покрај тешката ситуација, Групацијата ја задржа својата финансиска стабилност и доминантната позиција на пазарот во регионот.
Акционерите ќе одлучуваат за распределбата на акумулираната добивка на Компанијата на 31.12.2023 година. Управниот одбор и Надзорниот одбор предложуваат дивиденда во висина од 1,75 евра бруто по акција, што претставува дивиденден принос од 5%. Компанијата има за цел доследно да ја спроведува својата дивидендна политика, притоа обезбедувајќи привлечност за акционерите и одржливост. Предложената вкупна исплата на дивиденда значително ја надминува минатогодишната заработка, но оваа година Групацијата очекува нормализирање на работењето во согласност со нејзината стратегија, со обезбедена финансиска стабилност и услови за раст и развој дури и по исплатата на дивидендата.
Како и во претходните години, агендата на редовното годишно собрание на акционери ќе вклучува потврдување на престанок на мандат на членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за 2023 година, одобрување на политиката за наградување и усвојување на извештајот за наградување за 2023 година. Покрај тоа, акционерите ќе назначат двајца нови членови на Надзорниот одбор од редовите на претставници на акционерите и ќе бидат запознати со назначувањето на членови на Надзорниот одбор – претставници на вработените.
Оваа година, Заваровалница Триглав уште еднаш ќе им овозможи на своите акционери да ги остварат своите права преку организирано собирање на овластувања; на овој начин, акционерите можат да го искористат своето право на глас на годишното собрание преку полномошници и без лично учество.
Известувањето за 49-то Собрание на акционери на Заваровалница Триглав д.д., вклучувајќи ги материјалите, формата за присуство и формата за овластување за учество и гласање, е објавено во системот за електронска дистрибуција на информации на Љубљанска берза и на веб-страницата на triglav.eu.
Заваровалница Триглав
Заваровалница Триглав е водечка словенечка осигурителна компанија и матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 регионални единици, повеќе од 50 претставништва и со преку 650 осигурителни агенти низ цела Словенија. Во својата понуда компанијата ги вклучува сите видови животни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски , транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за патувања. Заокружената понуда на животни осигурувања ги вклучува сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.
Групација Триглав
Групација Триглав ја ужива довербата на своите клиенти повеќе од 120 години, кои веруваат дека Триглав најдобро ќе ја обезбеди нивната финансиска безбедност и иднина, со своето знаење, искуство и финансиска моќ. Нејзината мисија е да создаде побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот на Адрија и еден од водачите во Југоисточна Европа, која функционира во шест земји и седум пазари и пошироко меѓународно преку партнерства со осигурителните агенции, претставништвото и компании за реосигурување. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурувањето и управувањето со средства. Вработува повеќе од 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува цврста финансиска стабилност, висока капитална адекватност и профитабилност, што исто така е потврдено со високите кредитни рејтинзи "А" добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се одговорноста, едноставноста и веродостојноста. Нејзината визија е да го постави стандардот за искуство на корисникот - секогаш, било каде. Со одржлив фокус, таа е развојно ориентирана средина за вработените, поврзана со партнерите и стабилна, безбедна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.