Известување за редовно годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав д.д.

Управниот одбор на Заваровалница Триглав го свика 49-то собрание на акционери, кое што ќе се одржи на 4-ти јуни, 2024-та година.

 

Соопштение за медиуми

Љубљана, 26 април 2024 година 

 

Известување за редовно годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав д.д. 

Управниот одбор и Надзорниот одбор предложуваат дивиденда од 1,75 евра бруто по акција 

 

Управниот одбор на Заваровалница Триглав го свика 49-то собрание на акционери, кое што ќе се одржи на 4-ти јуни, 2024-та година во 10:00 часот во Хотел Гранд Плаза во Љубљана. 

 

На Годишното собрание на акционери, акционерите ќе бидат запознати со годишниот извештај на Групација Триглав и Заваровалница Триглав за 2023 година, во кој што, поради еднократни несакани настани, резултатите на Групацијата се пониски отколку што првично се очекуваше. И покрај тешката ситуација, Групацијата ја задржа својата финансиска стабилност и доминантната позиција на пазарот во регионот.  

 

Акционерите ќе одлучуваат за распределбата на акумулираната добивка на Компанијата на 31.12.2023 година. Управниот одбор и Надзорниот одбор предложуваат дивиденда во висина од 1,75 евра бруто по акција, што претставува дивиденден принос од 5%. Компанијата има за цел доследно да ја спроведува својата дивидендна политика, притоа обезбедувајќи привлечност за акционерите и одржливост. Предложената вкупна исплата на дивиденда значително ја надминува минатогодишната заработка, но оваа година Групацијата очекува нормализирање на работењето во согласност со нејзината стратегија, со обезбедена финансиска стабилност и услови за раст и развој дури и по исплатата на дивидендата. 

 

Како и во претходните години, агендата на редовното годишно собрание на акционери ќе вклучува потврдување на престанок на мандат на членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за 2023 година, одобрување на политиката за наградување и усвојување на извештајот за наградување за 2023 година. Покрај тоа, акционерите ќе назначат двајца нови членови на Надзорниот одбор од редовите на претставници на акционерите и ќе бидат запознати со назначувањето на членови на Надзорниот одбор претставници на вработените.   

 

Оваа година, Заваровалница Триглав уште еднаш ќе им овозможи на своите акционери да ги остварат своите права преку организирано собирање на овластувања; на овој начин, акционерите можат да го искористат своето право на глас на годишното собрание преку полномошници и без лично учество. 

 

Известувањето за 49-то Собрание на акционери на Заваровалница Триглав д.д., вклучувајќи ги материјалите, формата за присуство и формата за овластување за учество и гласање, е објавено во системот за електронска дистрибуција на информации на Љубљанска берза и на веб-страницата на triglav.eu. 

 

Заваровалница Триглав 

Заваровалница Триглав е водечка словенечка осигурителна компанија и матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 регионални единици, повеќе од 50 претставништва и со преку 650 осигурителни агенти низ цела Словенија. Во својата понуда компанијата ги вклучува сите видови животни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски , транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за патувања. Заокружената понуда на животни осигурувања ги вклучува сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода. 

 

Групација Триглав 

Групација Триглавја ужива довербата на своите клиенти повеќе од 120 години, кои веруваат дека Триглав најдобро ќе ја обезбеди нивната финансиска безбедност и иднина, со своето знаење, искуство и финансиска моќ. Нејзината мисија е да создаде побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот на Адрија и еден од водачите во Југоисточна Европа, која функционира во шест земји и седум пазари и пошироко меѓународно преку партнерства со осигурителните агенции, претставништвото и компании за реосигурување. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурувањето и управувањето со средства. Вработува повеќе од 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува цврста финансиска стабилност, висока капитална адекватност и профитабилност, што исто така е потврдено со високите кредитни рејтинзи "А" добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се одговорноста, едноставноста и веродостојноста. Нејзината визија е да го постави стандардот за искуство на корисникот - секогаш, било каде. Со одржлив фокус, таа е развојно ориентирана средина за вработените, поврзана со партнерите и стабилна, безбедна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. 

 

Complementary Content
${loading}