Оглас за продажба на недвижен имот на Триглав Осигурување АД, Скопје

Триглав Осигурување продава недвижен имот на следните локации:

Опис

Адреса

Број на имотен лист и КО

Квадратура

Минимална почетна цена (во МКД)

Лице за контакт

Деловен простор

Бул. Туристичка бр. 50-4/1

ИЛ. 18322

КО: Охрид 2

98m2

4.711.414,00

Петар Вељанов

02/5 102 247

Деловен простор

29 Ноември

ИЛ. 56103

КО: РЕСЕН

44м2

1.615.515,00

Петар Вељанов

02/5 102 247

 

Постигнатата купопродажна цена треба да се плати во готово, со уплата на трансакциска сметка на Триглав Осигурување АД, Скопје, во рок од 30 дена од денот на изборот.

Данокот на промет на недвижност, адвокатски и нотарски трошоци, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.

Продажбата на недвижен имот ќе се врши по пат на прибирање на затворени писмени понуди. Понудите треба да содржат:

  • Податоци на понудувачот (име, адреса, матичен број, телефон за контакт, е-маил),
  • Имотот кој е предмет на понудата,
  • Цена со вклучен ДДВ која се нуди за купување на недвижноста, изразена во денари.

Начин и рок на доставување на понудите:

  • Понудите се доставуваат во затворено плико со назнака „Не отворај - понуда“,
  • Понудите мора да се уредно потпишани,
  • Понудите се доставуваат на адреса „Булевар 8-ми Септември бр.16“, 1000 Скопје

Триглав Осигурување АД, Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба.

Рокот за доставување на понудите е 10.08.2023 година.

Complementary Content
${loading}