Триглав го зголеми својот деловен резултат и обемот на работење, при што одржа солидна капитализираност
- Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, во однос на 2024 година, се зголеми органски за 9 проценти и достигна 1.868,3 милиони евра. Ако се земе предвид и новото работење на италијанскиот пазар, тој изнесуваше 2.561,2 милиони евра (раст од 49 проценти). Органски раст беше остварен во сите деловни сегменти.
- Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 9 проценти, на 174,1 милиони евра, додека нето деловниот резултат се зголеми за 4 проценти, на 136,7 милиони евра.
- Комбинираниот количник во сегментите Неживот и Здравје изнесуваше поволни 93,2 проценти (2024: 93,6 проценти), а профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот изнесуваше 13,3 проценти (2024: 13,4 проценти). Повратот на капитал изнесуваше 13,2 проценти (2024: 14,0 проценти).
- На крајот на годината, адекватноста на капиталот беше во рамки на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти. На крајот на 2025 година, пазарната капитализација на Триглав достигна 1,3 милијарди евра, приносот од дивиденда по акција изнесуваше 4,7 проценти, а вкупниот принос 50,9 проценти.
- Триглав планира во
2026 година да оствари деловен резултат пред оданочување од 170
до 190
милиони евра, вкупен деловен обем од над 2,4
милијарди евра и комбиниран количник од околу 95 проценти во сегментите Неживот
и Здравје.
Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав,
Андреј Слапар, изјави: „Многу сме задоволни од нашето работење во 2025 година. Работевме профитабилно и во сегментот осигурување и во сегментот управување со средства и остваривме висок деловен резултат. Постигнавме органски раст на деловниот обем од 9 проценти и ја подобривме, односно ја задржавме добрата профитабилност. Во согласност со нашата амбициозно поставена стратегија до 2030 година, се стремиме кон понатамошна диверзификација на нашето работење, со што дополнително ја зајакнуваме нашата отпорност. Затоа, во 2025 година дополнително го зголемивме уделот на работењето надвор од Словенија: во поширокото меѓународно опкружување го зголемивме обемот и работевме профитабилно на пазарите на реосигурување, а на осигурителните пазари во портфолиото додадовме значителен деловен обем од италијанскиот пазар. Во иднина очекуваме меѓугодишна волатилност на деловниот обем на меѓународните пазари, имајќи предвид дека деловниот обем во сегментот осигурување ни отвора можности и во инвестицискиот сегмент. Во согласност со растот на премијата, минатата година пораснаа и нашите штети, со што успешно управувавме преку внимателно поставена реосигурителна заштита, иако не забележавме поголеми природни масовни штети. Нашиот деловен модел останува избалансиран и стабилен, нашата капитализираност е на целното ниво и финансиски сме стабилни, што го потврдуваат и високите кредитни рејтинзи што ги добивме. Вложуваме во развој, дигитализација и одржливо работење, со што сакаме дополнително да ја зацврстиме нашата водечка позиција во регионот. Во иднината чекориме со доверба – насочени кон создавање долгорочна вредност за нашите акционери. Во име на Управата, искрено им благодарам на тимот соработнички и соработници на Триглав за остварувањето на нашите амбиции.“
КЛУЧНИ ИНДИКАТОРИ ЗА РАБОТЕЊЕТО ВО 2025 ГОДИНА (неревидирани податоци)
|
|
|
во милиони евра |
|||
|
|
2025 |
2024 |
Индекс |
||
|
Вкупен деловен обем (1 +2) |
2561,2 |
1.717,6 |
149 |
||
|
Бруто полисирана премија од осигурување (1) |
2475,0 |
1.622,3 |
153 |
||
|
Други приходи (2) |
86,1 |
95,4 |
90 |
||
|
Вкупни приходи |
1.694,7 |
1.393,2 |
122 |
||
|
Резултат од работењето во осигурување ( a) |
122,5 |
97,5 |
126 |
||
|
Приходи од осигурителни услуги |
1.608,8 |
1.298,0 |
124 |
||
|
Државна компензација согласно Уредбата за дополнително здравствено осигурување (ДЗО) |
0,0 |
11,0 |
|
||
|
Пресметани штети |
964,2 |
678,7 |
142 |
||
|
Трошоци за прибавување на осигурување и административни трошоци, вклучувајќи ги и оние кои не можат директно да се припишат |
431,4 |
370,9 |
116 |
||
|
Нето резултат од договори за реосигурување |
-64,8 |
-140,9 |
46 |
||
|
Нето останати приходи/расходи од осигурување |
-25,9 |
-20,9 |
|||
|
Нето резултат од инвестиции (b) |
44,8 |
49,0 |
91 |
||
|
Резултат од неосигурителна дејност (c) |
6,8 |
12,5 |
54 |
||
|
Резултат пред оданочување (a+b+c) |
174,1 |
159,0 |
109 |
||
|
Нето добивка |
136,7 |
131,4 |
104 |
||
|
Останата сеопфатна добивка |
15,4 |
6,3 |
243 |
||
|
Комбиниран количник Неживот и Здравје |
93,2% |
93,6% |
|
||
|
Штетен колиник Неживот и Здравје |
66,4% |
65,5% |
|
||
|
Расходен количник Неживот и Здравје |
26,8% |
28,1% |
|
||
|
Профитабилност од нови склучени договори Живот |
13,3% |
13,4% |
|
||
|
Поврат на капитал |
13,2% |
14,0% |
|
||
|
Поврат на финансиски вложувања* |
2,6% |
3,0% |
|
||
|
|
31. 12. 2025 |
31. 12. 2024 |
Индекс |
||
|
Биланс на состојба |
5436,0 |
4.538,3 |
120 |
||
|
Капитал |
1078,1 |
989,0 |
109 |
||
|
Договорна маржа на услуга (CSM) |
306,7 |
286,8 |
107 |
||
|
Средства под управување (AUM) |
6.271,1 |
5.893,8 |
106 |
||
|
Број на вработени |
5.155 |
5.204 |
99 |
||
|
Број на вработени (еквивалент на полно работно време) |
5.037 |
5.088 |
99 |
||
Триглав органски го зголеми вкупниот деловен обем за 9 проценти, на 1.868,3 милиони евра. Во средината на 2025 година, во соработка со партнери, влезе на италијанскиот пазар на автомобилско осигурување и оствари дополнителни 692,9 милиони евра премија за осигурување, со што вкупниот деловен обем достигна 2.561,2 милиони евра (раст од 49%). Бруто полисираната премија од осигурување, соосигурување и реосигурување се зголеми за 53 проценти, на 2.475,0 милиони евра, а без да се земе предвид новата премија на италијанскиот пазар, растот на премијата изнесуваше 10 проценти.
Сите деловни сегменти, органски го зголемија деловниот обем. Најголем раст, од 63 проценти, оствари сегментот Неживот, кој воедно учествуваше и со најголем удел во вкупниот деловен обем на Групација Триглав — 83 проценти (2.093,5 милиони евра).
Триглав, во согласност со своите стратешки амбиции, го зајакнуваше деловниот обем надвор од Словенија. Во структурата на вкупниот деловен обем на работење, уделот на словенечкиот пазар се намали на 40 проценти (2024: 58 проценти), при што на овој пазар деловниот обем се зголеми за 3 проценти, на 1.015,4 милиони евра. Уделот на останатите пазари во регионот Адриа, во вкупниот деловен обем, изнесуваше 15 проценти, а деловниот обем се зголеми за 7 проценти, на 374,3 милиони евра. Триглав оствари 46 проценти од вкупниот деловен обем во меѓународното опкружување (2024: 22 проценти), односно 1.171,5 милиони евра. На меѓународните пазари на реосигурување, вкупниот деловен обем се зголеми за 29 проценти, на 346,0 милиони евра. На меѓународните осигурителни пазари, каде што работи во соработка со партнери (во Италија, Полска, Грција, Германија итн.), оствари 825,5 милиони евра, од кои 84 проценти на италијанскиот пазар.
Деловниот резултат на Групација Триглав пред оданочување, во износ од 174,1 милиони евра, беше за 9 проценти повисок во однос на претходната година, а нето деловниот резултат се зголеми за 4 проценти, на 136,7 милиони евра. Триглав работеше профитабилно во сите сегменти, освен во сегментот Здравје. Најголемиот дел од деловниот резултат пред оданочување, односно 122,5 милиони евра, беше остварен во осигурителниот дел од работењето (2024: 97,5 милиони евра), при што најголем придонес имаше сегментот Неживот. Деловниот резултат пред оданочување од инвестицискиот дел од работењето изнесуваше 44,8 милиони евра (2024: 49,0 милиони евра), а од дејностите што не се поврзани со осигурување 6,8 милиони евра (2024: 12,5 милиони евра). Матичното друштво на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари деловен резултат пред оданочување од 142,1 милиони евра (раст од 21 процент). На нејзиниот резултат позитивно влијаеше поништување на обезвреднувањето на вложувањата во зависни друштва во износ од 18,0 милиони евра, што немаше влијание врз деловниот резултат на Групација Триглав. Нето деловниот резултат на матичното друштво изнесуваше 113,6 милиони евра (раст од 16 проценти).
Останатата сеопфатна добивка изнесуваше 15,4 милиони евра (2024: 6,3 милиони евра), а нејзината повисока вредност главно е последица на ефектот од растот на безризичните каматни стапки врз ревалоризацијата на вложувањата и обврските — повисоките безризични каматни стапки беа претежно присутни во долгорочниот дел од кривата на принос, каде што усогласувањето на чувствителноста на каматните стапки меѓу средствата и обврските е значително отежнато поради недостиг од соодветни финансиски инструменти. Капитализираноста на Групација Триглав на крајот на 2025 година беше во рамки на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти.
Комбинираниот количник во сегментите Неживот и Здравје достигна поволни 93,2 проценти (2024: 93,6 проценти). Резултатите по основ на штети беа поволни, а зголемувањето на количникот на штети за 0,9 процентни поени, на 66,4 проценти, првенствено е резултат на зголемениот структурен раст во областа на меѓународните осигурувања. Расходниот количник се намали за 1,3 процентни поени, на 26,8 проценти, бидејќи растот на приходите беше повисок од растот на трошоците. Триглав го зголеми деловниот обем на речиси сите пазари во регионот Адриа и ја подобри или ја задржа поволната профитабилност на осигурителниот дел од своето работење. Исклучок е Босна и Херцеговина, каде што Триглав спроведува консолидација на сопственоста и оптимизација на своето работење. Комбинираниот количник во меѓународното осигурување и реосигурување изнесуваше 95,3 проценти.
Вкупните средства под управување на Групација Триглав според структурата останаа на споредливо ниво како и на крајот од претходната година. Нивниот обем се зголеми за 6 проценти, на 6,3 милијарди евра. Во нестабилни услови на финансиските пазари, Групација Триглав оствари 2,6-процентна профитабилност на финансиските вложувања (2024: 3,0 проценти), без вложувањата во корист на осигурениците кои го преземаат инвестицискиот ризик. Профитабилноста во најголема мера е споредлива со претходната година, исклучувајќи го влијанието на курсните разлики врз инвестициите, кои се неутрализираат со промените во осигурителните резерви, како и влијанието на растот на работењето на италијанскиот пазар врз вредноста на финансиските вложувања.
РАБОТЕЊЕТО НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ПО СЕГМЕНТИ
Членот на Управата на Заваровалница Триглав, Урош Иванц, изјави: „Работевме профитабилно во сите деловни сегменти, освен во сегментот Здравје. По обновата на деловниот модел во 2024 година, очекуваме одредена волатилност на резултатите во иднина, сè додека сегментот не го достигне посакуваниот деловен обем. Сегментот зајакнува, а остваривме раст на премијата на сите пазари. Во сегментот Неживот, остваривме многу висок раст на деловниот резултат, што е резултат на зголемувањето на осигурителното портфолио, подобрената профитабилност и отсуството на изразени природни масовни штетни настани. Во сегментот Живот ја задржавме соодветната профитабилност од новите склучени договори, го зголемивме деловниот обем и остваривме добар резултат. Резултатот од осигурителниот дел на овој сегмент порасна, додека резултатот од инвестицискиот дел беше понизок, што е последица на состојбите на финансиските пазари. Тоа, исто така, влијаеше и врз понискиот резултат по основ на сопствени вложувања во сегментот Управување со средства, додека во него успешно ги зголемивме приходите од провизии и деловниот обем.
Сегмент Неживот
- Вкупниот деловен обем се зголеми за 63 проценти, на 2.123,5 милиони евра.
- Комбинираниот количник изнесуваше поволни 92,5 проценти (2024: 94,0 проценти).
- Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 36 проценти, на 136,7 милиони евра.
во милиони евра
|
Клучни индикатори за сегментот Неживот |
2025 |
2024 |
Индекс |
|
Вкупен деловен обем |
2.123,5 |
1.304,4 |
163 |
|
Бруто полисирана премија |
2.093,5 |
1.274,3 |
164 |
|
Резултат од работењето во осигурување ( a) |
109,1 |
69,1 |
158 |
|
Приходи од осигурување |
1452,7 |
1.156,3 |
126 |
|
Настанати штети |
898,5 |
627,5 |
143 |
|
Резултат од инвестицискиот дел (b) |
33,2 |
32,9 |
101 |
|
Резултат од неосигурително работење (c) |
-5,6 |
-1,1 |
|
|
Деловен резултат пред оданочување (a+b+c) |
136,7 |
100,8 |
136 |
|
Комбиниран количник |
92,5% |
94,0% |
Вкупниот деловен обем се зголеми за 63 проценти, на 2.123,5 милиони евра. Премиите имаа слична стапка на раст, а нивното зголемување беше остварено кај поголемиот дел од осигурителните групи во неживотното осигурување. Од пазарна перспектива, на меѓународниот пазар беше остварен висок раст на премијата од 210 проценти (раст на премијата од реосигурување од 29 проценти и раст на премијата од осигурување од 656 проценти). Најголем обем беше пресметан на италијанскиот пазар, а по него следуваат полскиот и грчкиот пазар. Раст на премијата беше присутен во Словенија и на сите останати пазари во регионот Адриа, со исклучок на Босна и Херцеговина, каде што Триглав спроведува консолидација на сопственоста и оптимизација на работењето.
Настанатите штети во сегментот Неживот се зголемија за 43 проценти, на 898,5 милиони евра. Во 2024 година дојде до намалување на настанатите штети и до ослободување на резервите за штети, што беа формирани во 2023 година поради поплавите, додека во 2025 година настанатите штети пораснаа главно поради растот на обемот на меѓународното портфолио.
Комбинираниот количник во сегментот Неживот изнесуваше поволни 92,5 проценти. Во споредба со претходната година, се намали за 1,5 процентни поени, при што се намалија и расходниот количник и штетниот количник. Нивните поповолни вредности се резултат на поголемиот раст на приходите во однос на расходите и подобрените нето штетни настани.
Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 36 проценти, на 136,7 милиони евра. Резултатот од инвестицискиот дел од работењето остана на нивото од претходната година, додека резултатот од осигурителниот дел од работењето значително се зголеми. Врз тоа главно влијаеја зголемениот деловен обем и подобрената профитабилност на осигурителното работење.
Сегмент Живот
- Вкупниот деловен обем се зголеми за 9 проценти, на 265,6 милиони евра.
- Профитабилноста од новите склучени договори изнесуваше поволни 13,3 проценти (2024: 13,4 проценти). Договорната маржа на услуга се зголеми за 5 проценти, на 286,8 милиони евра.
- Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 28,7 милиони евра (2024: 30,3 милиони евра).
во милиони евра
|
Клучни индикатори за сегментот Живот |
2025 |
2024 |
Индекс |
|
Вкупен деловен обем |
265,6
|
244,6
|
109 |
|
Бруто полисирана премија |
263,7 |
242,6 |
109 |
|
Резултат од работењето во осигурување ( a) |
20,5 |
19,8 |
104 |
|
Приходи од осигурување |
105,9 |
98,4 |
108 |
|
Настанати штети |
30,5 |
27,2 |
112 |
|
Резултат од инвестицискиот дел (b) |
8,0 |
10,5 |
76 |
|
Резултат од неосигурително работење (c) |
0,2 |
0,0 |
|
|
Деловен резултат пред оданочување (a+b+c) |
28,7 |
30,3 |
95 |
|
Новосоздадена CSM/CSM |
13,6% |
15,1% |
|
|
Профитабилност од нови склучени договори |
13,3% |
13,4% |
|
|
|
31. 12. 2025 |
31. 12. 2024 |
Индекс |
|
Договорна маржа на услуга (CSM) |
286,8 |
272,2 |
105 |
Вкупниот деловен обем, во износ од 265,6 милиони евра, се зголеми за 9 проценти, колку што порасна и премијата за животно осигурување. Премијата се зголеми на сите пазари на Триглав осигурување. Нејзиниот раст беше особено висок кај договорите каде што осигурениците го преземаат инвестицискиот ризик потикнат од дополнителните уплати.
Профитабилноста од нови склучени договори изнесуваше поволни 13,3 проценти (2024: 13,4 проценти).
Договорната маржа на услуга (CSM), во износ од 286,8 милиони евра, се зголеми за 5 проценти, а уделот на новосоздадената Договорна маржа на услуга (CSM) во неа изнесуваше 13,6 проценти (2024: 15,1 проценти). Новосоздадената Договорна маржа на услуга (CSM) достигна 39,0 милиони евра, од кои 40 проценти се однесуваат на осигурувања каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик. Ослободувањето на Договорната маржа на услуга (CSM) во деловниот резултат изнесуваше 40,4 милиони евра (2024: 36,6 милиони евра).
Деловниот резултат пред оданочување во сегментот Живот се намали за 5 проценти, на 28,7 милиони евра. Деловниот резултат од осигурителниот дел се зголеми за 4 проценти, додека од инвестицискиот дел се намали за 24 проценти. Кон тоа придонесоа условите на финансиските пазари, кои влијаеја врз понискиот раст на вложувања во сопственички инструменти.
Сегмент Здравје
- Вкупниот деловен обем изнесуваше 53,2 милиони евра (2024: 56,2 милиони евра; го вклучува влијанието на еднократен настан*). Премијата за осигурување се зголеми за 19 проценти, на 52,8 милиони евра.
- Комбинираниот количник изнесуваше 114,0 проценти (2024: 84,1 проценти, а без влијанието на еднократниот настан* изнесуваше 117,6 проценти).
- Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше -5,9 милиони евра (2024: 10,3 милиони евра*).
во милиони евра
|
Клучни индикатори за сегментот Здравје |
2025 |
2024 |
2024 Без прекин на работењето |
Индекс |
|
Вкупен деловен обем |
53,2 |
56,2 |
45,2 |
95 |
|
Бруто полисирана премија |
52,8 |
44,3 |
44,3 |
119 |
|
Резултат од работењето во осигурување (a) |
-7,0 |
8,6 |
-7,6 |
|
|
Приходи од осигурување |
50,2 |
43,3 |
43,2 |
116 |
|
Државна компензација согласно Уредбата за ДПЗЗ |
0,0 |
11,0 |
0 |
|
|
Настанати штети |
35,3 |
24,0 |
30,4 |
147 |
|
Резултат од инвестицискиот дел (b) |
0,5 |
1,2 |
1,2 |
40 |
|
Резултат од неосигурително работење (c) |
0,6 |
0,5 |
0,5 |
129 |
|
Деловен резултат пред оданочување (a+b+c) |
-5,9 |
10,3 |
-5,9 |
|
|
Комбиниран количник |
114,0% |
84,1% |
117,6%* |
*Во 2024 година, постои еднократен ефект од приемот на државен надоместок согласно Уредбата за ДПЗЗ.
По реструктурирањето на деловниот модел на овој сегмент во 2024 година, Триглав и оваа година продолжува со активности насочени кон раст и развој на дополнителното здравствено осигурување, како во Словенија, така и на другите пазари во регионот. Триглав очекува работењето на сегментот Здравје да биде нестабилно и во наредниот период, бидејќи сегментот се наоѓа во фаза на високи стапки на раст и сè уште релативно низок деловен обем.
Вкупниот деловен обем на сегментот оваа година изнесуваше 53,2 милиони евра (за 5 проценти помалку отколку во 2024 година, кога беше зголемен поради ефектот од укинувањето на дополнителното здравствено осигурување). Пресметаната премија за осигурување, во износ од 52,8 милиони евра, се зголеми за 19 проценти. Нејзиниот раст беше остварен на сите пазари во регионот.
Комбинираниот количник во сегментот Здравје изнесуваше 114,0 проценти и релативно се подобри. Во 2024 година неговата вредност изнесуваше 84,1 проценти, но ако се исклучи влијанието од дополнителното здравствено осигурување, изнесуваше 117,6 проценти.
Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше -5,9 милиони евра, во споредба со 10,3 милиони евра во истиот период минатата година (од кои 16,1 милион евра се однесуваат на т.н. прекинато работење поради укинувањето на дополнителното здравствено осигурување). Работењето на сегментот беше негативно во осигурителниот дел, што исто така е резултат на растот на исплатените штети поради поголемиот обем на портфолиото. Во инвестицискиот дел и во дејноста што не е поврзана со осигурување, беше остварен позитивен резултат.
Сегмент Управување со средства
- Вкупниот деловен обем се зголеми за 6 проценти, на 118,9 милиони евра.
- Приходите од управување со средства (приходи од провизии) се зголемија за 9 проценти, на 53,6 милиони евра.
- Деловниот резултат
пред оданочување
се намали
за 17 проценти,
на 14,6 милиони
е
во милиони евра
|
Клучни индикатори за сегментот Управување со средства |
2025 |
2024 |
Индекс |
|
Вкупен деловен обем |
118,9 |
112,5 |
106 |
|
Вкупни приходи |
53,8 |
51,5 |
104 |
|
Оперативен резултат |
11,5 |
13,2 |
87 |
|
Приходи од управување со средства |
53,6 |
49,4 |
109 |
|
Резултат од инвестицискиот дел |
3,0 |
4,4 |
70 |
|
Деловен резултат пред оданочување |
14,6 |
17,5 |
83 |
Вкупниот деловен обем се зголеми за 6 проценти, на 118,9 милиони евра.
Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 14,6 милиони евра (17 проценти помалку отколку минатата година). Врз тоа влијаеја 9 проценти повисоките приходи од управување со средства (приходи од провизии), кои изнесуваа 53,6 милиони евра. Нето инвестицискиотрезултат, во износ од 3,0 милиони евра, беше за 30 проценти понизок, што главно е резултат на намалувањето на вредноста, односно понизок принос на вложувањата во капитални инструменти од сопствените средства на овој сегмент.
Вкупните средства под управување се зголемија за 6 проценти, на 6,3 милијарди евра.
во милиони евра
|
Вкупни средства под управување |
31. 12. 2025 |
31. 12. 2024 |
Индекс |
|
|
Сопствено инвестициско портфолио (1) |
2752,8 |
2.487,7 |
111 |
|
|
Договори за осигурување на живот каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик (2) |
749,6 |
678,9 |
110 |
|
|
Вложувања од финансиски договори (3) |
802,5 |
739,5 |
109 |
|
|
Вкупно (1+2+3) |
4.304,9 |
3.906,1 |
110 |
|
|
Средства по управување (заеднички фондови и сл.) (4) |
1.966,2 |
1.987,6 |
99 |
|
|
Вкупно (1+2+3+4) |
6.271,1 |
5.893,8 |
106 |
|
На обемот на средствата под управување на Триглав во заедничките фондови и индивидуалното управување, поволно влијаеја зголемените нето-приливи од странките, како и состојбите на финансиските пазари.
|
Промени во нето средствата под управување (заеднички фондови и средства под управување од индивидуални сопственици на портфолија), во милиони евра |
|
|
Средства заклучно со 31. 12. 2024 |
2.269,9 |
|
Влијание од нето прилив (1) |
677,3 |
|
Нето пазарно влијание (2) |
115,7 |
|
Вкупно (1+2) |
793,0 |
|
Средства заклучно со 31. 12. 2025 |
3.062,8 |
ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА И СТРАТЕГИЈА ДО 2030 ГОДИНА
(финансиски индикатори)
- Со оглед на моментално познатите и очекуваните деловни околности, Триглав планира дополнително зголемување на деловниот резултат пред оданочување во 2026 година, односно износ меѓу 170 и 190 милиони евра. Триглав има стратешка амбиција до 2030 година да го удвои својот деловен резултат пред оданочување, во споредба со почетната основа, односно да достигне износ меѓу 250 и 300 милиони евра.
- Триглав во 2026 година планира вкупниот деловен обем да изнесува над 2,4 милијарди евра. Неговата стратешка амбиција е до 2030 година деловниот обем да изнесува меѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра, а средствата под управување да надминат 10 милијарди евра.
- Со оглед на моментално познатите и очекуваните деловни околности, Триглав проценува дека комбинираниот количник Неживот и Здравје во 2026 година ќе изнесува околу 95 проценти. Амбицијата е неговата вредност во стратешкиот период од 2025 до 2030 година, да биде под 95 проценти, а нето повратот на капиталот (ROE) до 2030 година да изнесува меѓу 12 и 13 проценти.
- Триглав се стреми да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Неговата амбиција е, во периодот до 2030 година, во согласност со политиката на дивиденда, на акционерите да им исплати околу 400 милиони евра дивиденди, при тоа задржувајќи ја целната адекватност на капиталот и соодветни услови за раст и развој.
