Известување за зделка со заинтересирана страна

Известување согласно Законот за трговски друштва

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 182-та седница одржана на ден 01.12.2021 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за давање на деловни услуги за недвижнини со Триглав, Управување со недвижности д.д.број  0202-12632, врз основа на која нa ден 11.02.2022  година е склучени договор помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав, Управување со недвижности д.д..

Целта на склучување на договорот е обезбедување на деловни услуги од областа на управување со недвижности, за потребите на Триглав Осигурување АД, Скопје, а за вршење на предметните услуги ќе се исплати надоместок во нето износ од 20.000 Евра.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав, Управување со недвижности д.д., произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.



Complementary Content
${loading}