Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

S&P ја потврди висока бонитетна оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13. 9. 2021г. на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на  друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно, профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано  преземање ризици во осигурување, користење сигурна  заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг »A«  потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата.

 

S&P во својот извештај потврдува дека профилот на деловниот ризик на Групацијата Триглав е силен, додека профилот на финансиски ризици е многу силен. Смета, дека водечката позиција на словенечкиот пазар на Групацијата Триглав и овозможува спроведување на економии на опсег, што ги надополнува со користење на реномираниот бренд, разновидна понуда и регионално развиена продажна мрежа. Наведува дека Групацијата со својот фокус на клиентите обезбедува профитабилно работење во двете дејности, осигурувањето и управувањето со средства. Притоа, наведено е дека дисциплинираноста при преземањето на ризиците на осигурување е клучен темел за успешно работење на Групацијата Триглав во тешките услови минатата година и првата половина од 2021 година поради пандемијата.

 

S&P оценува, дека профилот на ризик на Групацијата Триглав е стабилен и дека е поврзан со конзервативната инвестициска политика и ефективна реосигурителна заштита. Успехот на ефективната реосигурителна заштита се потврди и во 2020 година, наспроти поинтензивните природни масовни штети (земјотресот во Хрватска и бурите со град на три пазари). Инвестициското портфолио го оценува како високо квалитетно и со добра распространетост, претежно во евро зоната. Ризиците од гарантираното осигурување на живот се ограничени и ублажени преку соодветно управување на резервациите.

 

Среднорочната прогноза за кредитен рејтинг ги одразува очекувањата на S&P дека Групацијата Триглав ќе продолжи успешно да ја спроведува својата деловна стратегија најмалку во следните две години, со акцент на растот и понатамошната диверзификација на работењето. Агенцијата очекува, дека и покрај пандемијата и промената на економскиот циклус, Групацијата Триглав ќе задржи силна, стабилна добивка и висока капитализираност, што во идните две до три години ќе ги исполни критериумите за оцената »AA«.


Complementary Content
${loading}