Известување за зделка со заинтересирана страна

Известување согласно Закон за трговски друштва

 Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 188-та седница одржана на ден 05.05.2022 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2022 година со Триглав Ре Љубљана Словенија бр. 0202-4704, врз основа на која нa ден 16.05.2022  година е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2022 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија.

Вредноста на договорот изнесува 57.600 Евра, а неговата реализација ќе зависи од настанувањето на штетен настан за предметот на реосигурување. 

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.


Complementary Content
${loading}