Промени во Управниот одбор на Заваровалница Триглав д.д.

Блаж Јакиќ, нов член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав.

Во контекст на корпоративното управување на компанијата, на седницата, одржана на 17-ти октомври, 2022-ра година, Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав се согласи со предлогот на претседателот на Управниот одбор да го назначи Блаж Јакиќ за нов член на Управниот Одбор и го одобри договорот за престанок на мандатот на членот на Управниот одбор Давид Бенедек,  кој ќе стапи на сила на 31-ви декември, 2022-ра година.

Новиот член на Управниот одбор Блаж Јакиќ е именуван со мандат од пет години. Одлуката ќе стапи во сила по исполнувањето на условите за назначување, вклучително и со добивањето на овластување од Агенцијата за супервизија на осигурување во Словенија за вршење на функцијата член на управен одбор. 

Блаж Јакиќ работи во Групацијата Триглав веќе 12 години. Тој ја започна својата кариера во матичната компанија, а пред шест години своето искуство и знаење ги пренесе во српската подружница Триглав Осигурување, Белград, каде што е член на Извршниот одбор на компанијата. Неговите сегашни должности вклучуваат, меѓу другото, информатичка технологија, финансии и сметководство, животно осигурување и управување со ризик. Тој има обемна експертиза за обете основни активности на Групацијата Триглав (осигурување и управување со средства) и опсежни познавања на регионалните пазари. Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (2004), а потоа завршил магистерски студии по економија во Велика Британија (2006).

 


Complementary Content
${loading}