Известување за зделка со заинтересирана страна

Известување согласно Закон за трговски друштва

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 172-та седница одржана на ден 18.12.2020 година, донесе Одлука за одобрување склучување на СЛА договор со Заваровалница Триглав д.д. за користење на складиштето на податоци (Data Warehouse) и Системот на деловна интелигенција на информациониот систем на Заваровалница Триглав д.д број 0202-12062, врз основа на која нa ден 21.01.2022  година се склучени договори помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д.

Целта на склучување на договорите е користење на складиште на податоци преку систем за управување со податоци и користење на аналитички можности, надополнети со можностите што произлегуваат од системот на деловна интелигенција, со што се овозможува  на Друштвото на една централна локација да бидат сместени сите клучни податоци потребни во процесот на носење на деловни одлуки и деловни показатели. За користењето на предметните услуги ќе се исплаќа месечен надоместок во нето износ од: 331,79 Евра – за инфраструктура за складирање на податоци за изградба и користење на складишта на податоци и 41,67 Евра -  за употреба на наменски софтвер за известување.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д, произлегува од тоа што двете друштва се членки на  Групацијата Триглав.

Complementary Content
${loading}