Појаснување во врска со укинувањето на дополнителното здравствено осигурување во Словенија

Групацијата Триглав останува фокусирана на доброволното здравствено осигурување во регионот Адрија

Се усвоија правните регулативи за укинување на постојниот систем за дополнително здравствено осигурување во Словенија, а како резултат на тоа Групацијата Триглав и други две компании, провајдери на дополнително здравствено осигурување, ќе престанат да го обезбедуваат овој вид на осигурување во Словенија почнувајќи од 1-ви јануари, 2024-та година. Ефектите врз работењето на Групацијата Триглав произлегуваат од начинот на спроведување на укинувањето. Во согласност со својата стратегија, Групацијата Триглав ќе продолжи да го развива и зајакнува доброволното здравствено осигурување на пазарите во регионот Адрија, кои претставуваат еден од столбовите на нејзината осигурителна активност.

Би сакале да ве информираме дека на 20-ти јули, 2023-та година стапи на сила Актот за изменување на Законот за здравствена заштита и здравствено осигурување, со кој што се става крај на неизвесноста во врска со измените на системот за дополнителното здравствено осигурување во Словенија. Од 1-ви јануари, 2024-та година, дополнителното здравствено осигурување ќе биде укинато во својата сегашна форма, што значи дека Групацијата Триглав повеќе нема да обезбедува дополнително здравствено осигурување во рамките на словенечкиот систем на јавно здравство. Согласно гореспоменатиот закон, истиот ден сите постојни договори за дополнително здравствено осигурување во Словенија ќе бидат раскинати.

Групацијата Триглав, најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, ги поддржува промените во јавниот здравствен систем во Словенија. Овие промени се најавуваа веќе неколку години и затоа Групацијата соодветно ги вклучи во своите стратешки развојни активности и планови. Сепак, неочекуван е начинот на кој што се спроведуваат промените, а Групацијата веќе ги соопшти своите првични проценки за ефектите на загуба врз работењето на Групацијата. Осигурителните активности на Групација Триглав и натаму ќе бидат стратешки фокусирани на дополнителното здравствено осигурување, кое што го пласира и развива како комерцијален осигурителен производ на пазарите во регионот Адрија. Овие активности ќе продолжат и во иднина.

Complementary Content
${loading}