Известување согласно Закон за трговски друштва
Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 193-та седница одржана на ден 22.09.2022 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на договор за реосигурување на ризикот осигурување на побарувања за 2022 година со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија бр. 0202-9809. Врз основа на донесената Одлука, нa ден 26.10.2022 година, е склучен Квотен Договор за реосигурyвање на побарувања за 2022 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија.
Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.