Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува
Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 174-та седница одржана на ден 19.02.2021 година, донесе:
1. Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување за 2021 година со Триглав Ре Љубљана бр.0202-1824 од 19.02.2021 година, врз основа на која на ден 27.04.2021 година е склучен Договор за реосигурување за 2021 година помеѓу Триглав Осигурување АД Скопје и Триглав Ре Љубљана.
Во склучениот договор за реосигурување за 2021 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 196.680 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува 50.700 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 3.000 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува 26.865 ЕУР, вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува 4.760 ЕУР, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината.
2. Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на продолжена гаранција за моторни возила со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана бр.0202-1825 од 19.02.2021 година, врз основа на која на ден 27.04.2021 година е склучен Договор за реосигурување на продолжена гаранција за моторни возила помеѓу Триглав Осигурување АД Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана.
Целта на склучување на договорот е креирање на посебен производ за осигурување на продолжена гаранција на моторните возила преку соработка со овластените увозници на моторни возила, при што секоја склучена полиса ќе се реосигура во износ од 70 %.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД Скопје, Триглав Ре Љубљана и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана произлегува од тоа што друштвата се членки на Групацијата Триглав.