12 златни правила за чување на храна

Несоодветното чување храна може да претставува ризик за нашето здравје.

Веројатно сите сме свесни дека нeбалансиранатo јадење на долг рок може да доведе до разни здравствени потешкотии. Но, најчесто и не размислуваме дека несоодветно чувана, или несоодветно подготвена храна може да претставува многу поголем непосреден ризик по нашето здравје.

 

„Преку храната можат да се пренесат повеќе од 200 болести”, вели Марјан Ивануша, шеф на Кабинетот на Светската здравствена организација (СЗО) за Словенија, и додава, дека до контаминирање може да дојде во кое било време во текот на производниот процес, во текот на обработка, складирање, транспорт и при дистрибуција. На тој дел лично, тешко можеме да влијаеме, но од исто значење е и начинот на којшто постапуваме со храната дома.

 

Mожеме многу да направиме со самото почитување на петте основни чекори: да се грижиме за хигиената, да ги одвоиме зготвената и суровата храна, за подготовка на храната да користиме чиста вода и чисти суровини, храната соодветно термички да ја обработуваме и да ја чуваме на соодветна температура.

 

Токму кај чувањето храна најчесто се јавуваат прашања. Затоа за оваа проблематика  ги сумиравме следните основни правила:

 

  1. Најважно е просторот каде што се чува храната секогаш да биде чист, ладен и сув. 
  2. Ладилникот да биде наместен до 6°C, додека замрзнувачот да биде наместен до -21°C.
  3. Голем број подготвени јадења можат да се чуваат во замрзнувач до 1 месец (секако зависи од видот на храната). Најспецифични за чување се печурките.
  4. Јајца можат да се чуваат во ладилникот до 14 дена. Ги чуваме до датумот за употреба. Расипаните јајца мирисаат лошо, а белката и жолчката стануваат матни.
  5. Свинско место и пилешко место во ладилник можат да се чуваат до 3 дена, на температура до 5°C, говедското месо и месото од дивеч се чуваат до 10 дена. Доколку ја намалиме температурата рокот на чување може да се продолжи.
  6. Свежа риба може да се чува во ладилник до 3 дена, од денот кога била уловена.
  7. Воздухот во ладилникот кружи во просторот (во насока на стрелката на часовникот), што влијае на температурата во поедините делови на ладилникот. Затоа храната се подредува согласно температурата: варениот зеленчук, отворени теглички од мармалад на горните полици (каде што е најладно), млечните производи на средната полица, пијалакот, сосови и јајца на вратите од ладилникот, зеленчукот и овошјето во долните делови од ладилникот.
  8. Доколку зготвената или подгреана храна не ја изедете веднаш, истата може да ја подгревате додека не се изеде. Но, храната мора веднаш да ја изладите и да ја чувате на ладно. Храната не смете да ја чувате на топло или на собна температура. Дури и спорото ладење на храната на собна температура не е пожелно, бидејќи тие температури се идеални за брзо ширење на бактерии.
  9. Зготвениот јачмен и храната подготвена од мешунки ги користиме веднаш кога се подготвени и не ги чуваме.
  10. Компирот може да се подгрее уште еднаш, доколку претходно сме го чувале соодветно (на брзо ладење и чување во ладилник до 5 °C).
  11. Печурките не се подгреваат.
  12. Најздраво е свежо, затоа зготвената храна е најдобро да се изеде веднаш кога е подготвена.

 

 

Извор: https://vsebovredu.triglav.si/zdravje/12-zlatih-pravil-shranjevanja-hrane


Complementary Content
${loading}