Ви препорачуваме самопрегледите да станат дел од вашето секојдневие.
Ракот на дојка е најчест вид на рак кај жените. Кај младите мажи ракот на тестиси спаѓа во најчестите малигни заболувања. За благовремено откривање и преземање на мерки што можат да ви го спасат животот, неопходни се самопрегледи. Тие треба да станат дел од вашата рутина, а доколку ви се стори дека не е сѐ како што би требало да биде, веднаш превземете ги неопходните мерки.
Набљудувањето и самопрегледите се неопходни и од суштинско значење за навремено откривање на рак на дојка и на тестиси.
Успешното справување со овие болести во голема мера зависи од големината на туморот при неговото откривање, затоа раното откривање суштински помага за подобра прогноза.
Само една минута, што секој месец ќе ја намените за самопреглед може да ви го спаси животот.
Најчест вид на рак кај жените е ракот на дојка.
Ракот на дојка, со 20,5 проценти застапеност е најчест рак кај жените. Секоја година од рак на дојка заболуваат околу 1300 жени (и дури околу 10 мажи). Секојдневно, како резултат на ова заболување умира најмалку една жена, а зачестеноста се зголемува значително секоја година.
Веројатноста дека ќе заболите се зголемува со стареењето, но истото може да се случи и кај млади жени, па дури и кај мајки кои дојат. Добро е да се знае дека ракот на дојка не е една единствена болест, туку цела група на болести, кои во телото можат да се развијат и неколку години пред и да можете да го напипате чворчето.
Кај младите мажи ракот на тестиси спаѓа во најчестите малигни заболувања.
Ракот на тестиси, спротивно на ракот на простата, кој што е најчест вид на рак кај мажите, спаѓа во ретките заболувања кај генералната машка популација. Кај мажите на возраст помеѓу 20 и 40 години ова е најчестото малигно заболување. Ткивото во овој период е поактивно, произведува повеќе сперма и затоа е најранливо на промени.
Заболувањето во последните години е во голем пораст – во изминатите 20 години забележан е раст од 70% .
Љубо Брескар, доктор по медицина, убеден е дека „овој раст е директно поврзан со контаминираната храна и животна средина. Овие материи директно доведуваат до послаба отпорност на клетките на промени, а хормонски активните супстанци во храната предизвикуваат голема штета. Затоа не е чудно што бројот на аномалии во гениталиите се зголемува.“
И сосема е веројатно дека барем дел од растот на зачестеноста на сите видови на рак може да се припише на истите причини.
Подигнувањето на свеста за можноста од развој на сите видови болести е од клучно значење. Но, не на тој начин што статистиката и податоците ќе ве престрашат, туку заради мотивот навремено да се посветите на себе.
Околу половина од случаите на рак на дојка се откриени со мамографија, или при лекарски преглед, а другата половина преку самопрегледи.
Речиси половина од жените за првпат се обратиле на лекар дури кога ракот напредувал локално, или кога се проширил.
„Ракот на тестиси е тешко да се игнорира, чворчето најчесто е тешко да не се забележи, а на болеста почнуваат да предупредуваат дури метастазите во абдоменот и градите“, објаснува д-р Бресквар, специјалист по урологија.
Редовниот месечен самопреглед е важен, иако ракот на тестисите обично се развива многу побрзо од ракот на дојката.
Д-р Бресквар смета дека е важно кога мажот ќе одлучи да посети лекар. „Имав пациенти кои имаа екстремно голем тумор, но одложуваа да преземат нешто во врска со тоа.“
Половите органи се поврзани со многу табуа. Дури и самата помисла дека нешто не е во ред, или дека мора да се оди на операција, за многу мажи е ужасна.
Особено внимателни треба да бидат мажи чии татковци, браќа и синови веќе биле заболени од рак на тестиси, како и оние кои имаат (или имале) проблеми со неспуштени тестиси.
Познавањето на својата и семејната историја, како и грижата за себе, се добар рецепт за навремено откривање на болеста.
Не само што е уште полоша прогнозата кога болеста е во напредна фаза, туку опасноста од болеста повторно да се појави е значително поголема, ако ракот веќе се проширил.
Љубов кон своето тело
Тања Шпаниќ од здружението Europa Donna забележува дека не постои суштинска разлика во следењето на искуствата поврзани со рак помеѓу мажите и жените. „Вистина е дека за ракот на дојката повеќе се зборува, но познавам неколку мажи кои ракот и отстранувањето на тестисите го поднесоа неверојатно добро и покрај операцијата продолжија со полн живот и без проблеми основаа семејство.“
Само вие можете да негувате љубов кон вашето тело што понекогаш ве оптоварува, а понекогаш ви овозможува да уживате во убавините на животот.
Не одложувајте! Ако се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар што побрзо.
Превземено од: https://vsebovredu.triglav.si/zdravje/se-imate-dovolj-radi