Зделка со заинтересирана страна

Одлука за одобрување на склучување на Договор за користење на SaaS услуга со Заваровалница Триглав д.д.

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 234-та седница одржана на ден 26.01.2026 година, донесе Одлука за одобрување на склучување Договор за користење на SaaS услуга (Software as a Service) со Заваровалница Триглав д.д., врз основа на која  на ден 11.06.2026 година е склучен Договор за користење на услугата онлајн пријава на штети од неживотно осигурување помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д..

Целта на склучување на договорот е обезбедување на ИКТ услуги, односно користење на софтверско веб решение за онлајн пријава на штета од неживотно осигурување за потребите на клиентите на Триглав Осигурување АД, Скопје.

За вршење на предметните услуги кон Заваровалница Триглав д.д. ќе се исплаќа месечен надоместок во нето износ од 530,00 eвра, за цело времетраење на договорниот однос.

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.  

 

Complementary Content
${loading}