Приклучете се на тимот на Триглав

Аплицирајте за позицијата Соработник за евиденција и администрирање на штети и регреси во Триглав Осигурување АД, Скопје.

Потребни квалификации и искуство:

  • Солидно познавање на Microsoft Office;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, ажурност;
  • Подготвеност за континуирано стручно усовршување.

Ќе се смета за предност претходно искуство во подрачјето на архивско работење.

Работни задачи и одговорности:

  • Aжурно води евиденција за состојбата на долгувања и побарувања по судски и регресни предмети;
  • Секојдневно следи ги уплатите по регресни побарувања во координација со Секторот за екомонско-финансиски работи;
  • Води евиденција и пресметка на судски такси по сите основи;
  • Води евиденција на сите предмети во рамките на организациониот дел;
  • Ги извршува сите административно технички работи поврзани за процесот на пријава, решавање и ликвидација на штети и регреси;
  • Отвара предмети на штети, судски предмети и регресни барања и архвира решени предмети;
  • Евидентира судски покани;
  • Врши експедиција на пошта и врши распределба на примената пошта по предмети;
  • Врши автоматска обработка и евидентирање на сите судски и вонсудски спорови.


Ви нудиме интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој. Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења и соработка на проекти во меѓународна околина.
Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство.Основната нето плата за оваа позиција изнесува 27.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.

Работното место е во седиштето на Триглав Осигурување во Скопје.

Аплицирајте преку линкот  https://triglav.secure.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000IRjos, не подоцна од 23.04.2023.

Кандидатите, кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат повикани на интервју.