Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви гарантира навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.
Услугите на Foundation Medicine се вклучени во полисите за осигурување на малигни заболувања. Овој новитет во доменот на дијагностицирање и одредување на терапија кај пациентите со малигни заболувања е дополнување на постоечкото покритие за малигни заболувања. Услугите на Foundation Medicine вклучуваат геномско профилирање на туморот во метастатска и напредна фаза, со цел добивање на детални информации, кои што им помагаат на лекарите во креирање на персонализиран терапевтски пристап.
Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.
