start portlet menu bar

SOS пакет за здравствено осигурување

Display portlet menu
end portlet menu bar

Со мала инвестиција до големо покритие

SOS пакетот е едноставно и достапно решение за здравствена заштита, коешто обезбедува покритие за операции и тешки болести.

SOS пакетот на Триглав е наменет за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци.

 

*Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60 годишна возраст.

 

SOS пакетот ги покрива трошоците за операции и тешки болести.

 

Оперативните зафати можат да се изведат во Република Северна Македонија, во Република Турција и во Република Словенија.


За осигурувањето

Кој може да го користи Триглав SOS пакетот
Што вклучува SOS пакетот
Кои тешки болести е покриени со SOS пакетот
ПРЕМИЈА И ОСИГУРЕНА СУМА

SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение за здравствена заштита за сите, кои сакаат да го заштитат своето и здравјето на своите најблиски. Можат да го користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени. Условите на пакетот не зависат од возраста на осигуреникот, ниту пак има какви било предуслови за обезбедување на други здравствени осигурителни производи, што значи дека нема дополнителни трошоци.

 

*Единствен услов за обезбедување на пакетот е осигуреникот да биде до 60 годишна возраст.

 


SOS пакетот е дополнување на понудата за доброволно приватно здравствено осигурување и ги покрива трошоците за операции и тешки болести.

 

Оперативните зафати можат да се изведат во Република Северна Македонија, во Република Турција и во Република Словенија.

 

Доколку осигуреникот избере оперативниот зафат да биде изведен во Турција или Словенија, а притоа операцијата може да се изведе и локално, во тој случај се покриваат само трошоците за оперативниот зафат.

 

Доколку изборот на осигуреникот е оперативен зафат да биде изведен во Турција или Словенија, а притоа нема можност да се изврши таков зафат во Р.Северна Македонија, покрај трошоците за оперативниот зафат, се покриваат и патни трошоци до 200 евра во еден правец до Република Турција или Република Словенија за осигуреникот и придружникот, како и трошоци за сместување до 50 евра по ноќевање.

 

Доколку изборот на осигуреникот е оперативниот зафат да биде изведен во Турција или Словенија, а притоа нема можност да се изврши таков зафат во Р. Северна Македонија, покрај трошоците за оперативниот зафат,  се покриваат и патни трошоци до 200 евра во еден правец до Република Турција или до Република Словенија за осигуреникот и придружникот, како и трошоци за сместување на придружникот до 50 евра по ноќевање.


Тешки болести, опфатени со ова осигурување се:

  • • мозочен удар,
  • • бениген тумор на мозокот,
  • • парализа;
  • • Алцхајмерова болест,
  • • кома,
  • • трансплантација на органи,
  • • хронично заболување на бубрезите,
  • • мултиплекс склероза,
  • • Паркинсова болест,
  • • епилепсија,
  • • хронично заболување на бели дробови,
  • • белодробна туберкулоза,
  • • детска парализа,
  • • аневризма на мозочни артерии,
  • • апластична анемија со тежок облик на откажување на коскената срцевина, мијастенија гравис,
  • • тешки повреди на ‘рбетен столб,
  • • малиген тумор,
  • • срцев инфаркт,
  • • заболување на срцето кое резултира со операција на коронарни артерии,
  • • заболување на аорта (аневризма),
  • • замена на срцеви залистоци.

 


Премијата за овој пакет изнесува 7 400 денари за целокупното времетраење на осигурувањето, а договорот се склучува на една година.

 

SOS пакетот обезбедува покритие за операции до 10 000 евра, со подлимит од 5 000 евра за тешки болести, којшто еднократно се исплаќа.

 

Покритието во делот на операции важи кога операциите се последица на новонастаната состојба. Средствата се исплаќаат директно кон здравствената установа, доколку интервенцијата е однапред најавена во центарот Инфо-здравје, или пак по пат на рефундација на средства на осигуреникот, кога интервенцијата  не е најавена во центарот.

 

Триглав исплаќа еднократен износ од сумата за осигурување на тешки болести, при дијагностицирање на тешката болест по прв пат. Еднократниот надомест изнесува 100% од осигурената сума на годишно ниво. Осигуреникот има право на еден надомест по состојба за времетраење на покритието, без разлика дали истата се повторува.


Проверете ги останатите можности за здравствено осигурување
Погледнете

Најчесто поставувани прашања

Во кои здравствени установи можам да се лекувам со полисата за приватно здравствено осигурување?

Можете да се лекувате во сите приватни здравствени установи кои имаат дозвола за работа, издадена од Министерството за здравство.

Во кој случај се покриени трошоци за прихијатриски услуги?

Трошоците за психијатриски услуги се покриени ако настане еден од овие 4 ризици: физичко малтретирање, силување, смрт на член на семејство (под член на семејство се смета брачен/вонбрачен партнер и деца) и дијагностицирано малигно заболување.

Дали доброволното приватно здравствено осигурување важи и надвор од границите на Република Северна Македонија?

Доброволното приватно здравствено осигурување важи и ги покрива трошоците што ќе настанат во приватните здравствени установи во рамките на територија на Република Северна Македонија. Исклучок се операциите, кога оперативниот зафат може да се изврши во Република Словенија, доколку осигуреникот сам го побара тоа.

Дали е потребно да имам упат од матичен лекар за да можам да ги користам услугите на доброволно приватно здравствено осигурување?

Не е потребно да имате упат од матичен доктор за да ги користите услугите од доброволното приватно здравствено осигурување.  Доколку се јави причина за лекување, обратете се директно во приватна здравствена установа.

Дали има рок за пријавување на штета и колкав е тој рок?

Рокот за пријавување на штета е до 90 дена од настанот. Штетата може да се пријави преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, без обврска за достава на оригинална документација, којашто треба да се прати во енкриптирана форма.

Дали малигните заболувања се покриени со полисата за доброволно приватно здравствено осигурување?

Доколку однапред се договори, малигните заболувања можат да бидат покриени со осигурувањето. Покритието се однесува на комплетна дијагностика, второ мислење, психијатриски услуги, оперативен зафат, хемо и радиотерапија, постоперативни помагала, како и пластична и реконструктивна хирургија како резултат на излекувано малигно заболување.

Дали се признаваат трошоци во јавно здравство?

Осигурувањето покрива трошоци кои ќе настанат само во приватни здравствени установи. Тоа не ги покрива трошоците на име учество со лични парични средства (партиципација) при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување.

Дали се признаваат трошоци за лекување на вродени состојби за кои осигуреникот не знел дека ги има?

Согласно Општите услови за осигурување вродените состојби се исклучени и поради тоа овие трошоци не се признаваат, без разлика дали осигуреникот знаел за нив или не.

Дали се признаваат трошоци за редовен преглед или терапија?

Осигурувањето не нуди покритие за редовни, превентивни здравствени прегледи, како и самоиницијативно следење на состојба, испитување, дијагностика и здравствена нега.


Дали се признаваат трошоци за физикална терапија?

Трошоците за физикална терапија се признаваат ако се во рамките на лекување и ако за истите има препорака од доктор специјалист од соодветна област. Трошоците се признаваат до висина на лимитот наведен на полисата за осигурување и доколку се изведат во приватна здравствена установа којашто има дозвола за работа издадена од Министерството за здравство.

Дали се признати лабораториски испитувања по препорака на матичен лекар?

Лабораториски испитувања се признати само во случај ако истите се во рамките на некое лекување и се наведени во медицинскиот извештај од специјалистичкиот преглед, како дополнително испитување, со цел поставување дијагноза.

Дали се признати трошоци за лекови и кои лекови се признати?

Признати се лекови за кои што има одобрение за пуштање на лекови во промет согласно законската регулатива и кои што се регистрирани како лек во Централниот регистар на лекови во Република Северна Македонија.

Дали треба да се најавам во Инфо-здравје центарот, пред да се обратам во приватната здравствена установа?

Не е потребно да се најавите во Инфо-Здравје центарот за да користите услуги во приватната здравствена установа. Доколку се јави причина за лекување, директно јавете се во приватната здравствена установа.

Како се постапува при итен случај, дали треба најава?

Доколку се јави итен случај, осигуреникот, директно, без претходна најава во Триглав Осигурување, се обраќа во најблиската приватна здравствена установа. Доколку не е задржан на болничко лекување, осигуреникот поднесува барање за рефундирање на средства. Доколку се задржи за болничко лекување или операција, тогаш приватната здравствена установа го информира Триглав и по службен пат се доставува целата документација, со цел навремено (пред да биде пуштен од болница осигуреникот) да се испрати потврда за трошоците до ПЗУ.

Како се прави рефундација на средства и која документација е потребна?

Штетите, што се поднесуваат за рефундација, се пријавуваат целосно преку електронската адреса info.zdravje@triglav.mk, скенирани и во енкриптирана форма. Потребно е да се испрати целокупната медицинска документација поврзана со лекувањето, пријава за штета (достапна на www.triglav.mk), доказ за извршено плаќање и копија од трансакциска сметка на осигуреникот.

Што е ИНФО-ЗДРАВЈЕ?

Инфо-здравје е асистентски центар, кој што на осигуреникот му обезбедува информации за осигурувањето и давателите на здравствени услуги, посредува при закажување на термини и врши најава кај давателите на здравствени услуги.

Асистентскиот центар е достапен е секој работен ден од 08:00-20:00 часот на телефонските броеви: +389 (2) 5102 222 и 0800 02222 или на е-маил адресата info.zdravje@triglav.mk.

Што ми покрива полисата за доброволно приватно здравствено осигурување и кога можам да ја користам?

Полисата за доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците за лекување, кои ќе настанат во рамки на покритието, кај доктор специјалист во приватните здравствени установи. Можете да ја користите полисата доколку се јави причина за лекување, односно доколку имате здравствени потешкотии, знаци на болести, или симптоми.

Погледнете ги останатите понуди