Поддршка во случај на тешки болести

Со ова осигурување добивате финансиско олеснување во случај на тешка болест. Обезбедете си поддршка кога најмногу ви треба.

Производот им овозможува на осигурениците да се осигурат од 22 тешки болести. Во случај на дијагностицирање на една од овие болести на осигуреникот му следи еднократен надомест од сумата на осигурување за тешки болести во висина од 5.000 евра, освен ако не е поинаку договорено. 

За осигурувањето

Каренца
Начин на исплата на осигурена сума
ПРЕМИЈА
За кого е наменето осигурувањето на тешки болести
Поволности

При склучување на полиса за осигурување во првата година од осигурувањето, предвидена е задолжителна каренца од три (3) месеци за сите осигуреници.

Во овој период осигуреникот нема право на надомест на штета.

Со ова осигурување, Осигурувачот исплаќа еднократен износ од сумата за осигурување, доколку во рамките на важење на осигурителното покритие за прв пат биде дијагностицирана една од тешките болести, исклучиво на новонастаната болест.

Годишна премија за осигурување по старосни класи прикажана во денари
Назив на покритие Франшиза 0 < = S < 18 18 < = S < 40 40 < = S < 50 50 < = S < 60 60 < = S < 65 65 и повеќе
Премија за тешки болести Без франшиза 1.200 2.160 3.960 6.000 9.600 Премијата ја одредува Секторот за развој, оценка и преземање на ризици

Овој производ е наменет за сите осигуреници на возраст над 40 години, кај кои ризикот за појава на некоја од тешките болести е зголемен.

Доколку осигуреникот склучи договор за осигурување за покритие за тешки болести и притоа има склучен договор за ДЗО, премијата за тешки болести се намалува за 30% согласно старосната структура на осигуреникот.

Болести опфатени со ова осигурување:

ТЕШКИ БОЛЕСТИ

ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРГАНИ

Tрансплантација на внатрешни органи поради тешко заболување, како што се срце, бубрези и коскена срцевина, заради лекување на системски болести;

МОЗОЧЕН УДАР

Настанува поради крварење од интракранијалните крвни садови или тромбемболија на интракранијалните крвни садови. Состојбата вклучува мозочен удар чијашто последица е трајно невролошко нарушување;

ПАРКИНСОВА БОЛЕСТ

Недвосмислена дијагноза од идиопатска или примарна Паркинсонова болест (сите останати облици на Паркинсонова болест се исклучени);


ЕПИЛЕПСИЈА

Дијагноза на тешка и генерализирана форма на епилепсија кај осигуреникот, која е трајна или трае минимум три (3) месеци;

ХРОНИЧНО ЗАБОЛУВАЊЕ НА БЕЛИ ДРОБОВИ

Тешка рестриктивна и опструктивна болест со присуство на диспнеја во мирување и значајни промени во тестовите на

белодробната функција, каде дијагнозата се потврдува со следниве параметри:

- витален капацитет помал од 50% од нормалниот,

- ФЕВ1 (форсиран експираторен волумен во првата секунда) помал од 50% од нормалниот, и

- употреба на кислород во домашни услови;


БЕЛОДРОБНА ТУБЕРКУЛОЗА

Постпримарна белодробна туберкулоза која настанува кога првичната инфекција со микобактериум туберкулозис останува нетретирана

или недоволно третирана, по што настанува инфилтрат и оштетување на белодробното ткиво (каверна), која пак претставува можност за расејување на инфекцијата (милијарна туберкулоза);


ДЕТСКА ПАРАЛИЗА

Болест предизвикана од инфекција со полиовирусот;


АПЛАСТИЧНА АНЕМИЈА

Aпластична анемија со тежок облик на откажување на коскената срцевина – предизвикува тежок облик на откажување на коскената срцевина со анемија, неутропенија и тромбоцитопенија;



АВНЕРИЗМА НА МОЗОЧНИТЕ АРТЕРИИ

Докажано нарушување на крвните садови на мозочните артерии;



МИЈАСТЕНИЈА ГРАВИС

Е трајно оштетување на нервната синапса кое се карактеризира со изразен мускулен замор;


МАЛИГЕН ТУМОР

Е неконтролиран раст на туморни клетки и нивна способност за ширење на околните ткива или миграции на оддалечените места (метастази). Под тумор во смисла на овие Посебни услови се подразбира и леукемија и Хоџкинова болест, освен:

  • сите тумори кои хистолошки се утврдени како предмалигни и тумори кои немаат тенденција на ширење или карциноми „ин ситу“,
  • сите видови лимфоми во присуство на кој било вирус на хумана имунодефициенција,
  • Капошиев сарком во присуство на кој било вирус на хумана имунодефициенција;
ТЕШКИ ПОВРЕДИ НА ’РБЕТНИОТ СТОЛБ

Претставуваат повреди или фрактури на пршлените при несреќи, при што може да постои изолирана фрактура на еден пршлен или фрактура на повеќе пршлени одеднаш. Повредата може да ги зафаќа само пршлените или да има и компресија на ’рбетниот мозок или периферните нерви. Тоа доведува до минливо или трајно невролошко оштетување, а третманот најчесто е оперативен;

СРЦЕВ ИНФАРКТ

Е изумирање на дел од срцевиот мускул, кое е последица од ненадејно прекинување на задоволителното снабдување на ткивото со крв во тој дел на срцето. Дијагнозата мора да се темели врз:

  • типични болки во градниот кош (ангина пекторис),
  • промени во ЕКГ-то, и
  • срцевите биолошки ензими;


ЗАБОЛУВАЊЕ НА СРЦЕТО КОЕ РЕЗУЛТИРА СО ОПЕРАЦИЈА

Заболување на срцето кое резултира со операција на коронарните артерии – зафат на отворен граден кош поради бајпас на дел од артеријата, која била стеснета или затната (облитерирана);

БЕНИГЕН ТУМОР НА МОЗОКОТ

Немалиген раст на ткивото кое се наоѓа во черепот и е ограничен на мозокот, на менингите (обвивките) или черепните (кранијалните) нерви и предизвикува трајно невролошко нарушување;

ОПЕРАЦИЈА НА ЗАБОЛУВАЊЕ НА АОРТА

Зафат поради болест на аортата кој значи заменување на нејзиниот граден или стомачен дел. Покритието не вклучува операции поради повреди или замена на гранките од градната или стомачната аорта;

ЗАМЕНА НА СРЦЕВИ ЗАЛИСТОЦИ

Замена на срцевите залистоци  значи замена на еден или повеќе срцеви залистоци, поради стеснување, неправилно работење или дисфункција.

ПАРАЛИЗА

Целосна парализа или иреверзибилна загуба на активната мускулна функција на два или повеќе екстремитети, која е последица од повреда или болест, која е трајна или трае најмалку (3) месеци;

АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ

Клинички поставена и која има за последица трајна неспособност за самостојно извршување на повеќе основни животни функции, која е трајна или трае во континуитет најмалку три (3) месеци;

КОМА

Несвесна состојба без реакција или одговор на надворешни дразби или внатрешни потреби, која трае минимум триесет (30) дена и предизвикува трајно невролошко нарушување;


ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ

Е конечен стадиум на болеста на бубрезите, за која е карактеристично откажување на функцијата на минимум еден од бубрезите, поради што е потребна редовна дијализа или пресадување на бубрези;

МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Се смета само недвосмислената дијагноза на мултиплекс склероза, докажана врз основа на карактеристични симптоми на демиелинизација, како и попреченоста на моторните и сензорските функции, како и со карактеристичните наоди од магнетнa резонанцa (MRI). Осигуреникот мора да го докаже невролошкото нарушување кое трае непрекинато најмалку шест (6) месеци или е клинички документирано за најмалку две епизоди на влошување на состојбата;

 

Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.

 
Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.

 
Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.