Пријавете осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување онлајн

Едноставно, брзо и безбедно од удобноста на вашиот дом.

Услугата за онлајн пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување преку OneID е достапна за клиентите на Триглав Осигурување од 1-ви април, 2024 година.

За да пријавите осигурен случај онлајн, потребно е да имате креиран кориснички профил на апликацијата OneID, со кој што се овозможува ваша лична електронска идентификација. Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост, со кое што можете да се идентификувате и дигитално да потпишувате документи со својот електронски потпис. Трошоците за креирање и користење на овој профил во потполност ги покриваме ние. OneID профилот можете да го креирате на вашиот мобилен уред, со преземање на мобилната апликација OneID, каде што можете да го погледнете и упатството за креирање на профилот.

*OneID услугата е обезбедена од регистриран Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација.


Платформата за пријава на осигурен случај можете да ја користите кога имате потреба од рефундација или гаранција на средства за медицински услуги за коишто имате покритие согласно склучениот договор за осигурување.

Процесот на пријава е исклучително едноставен:

  1. Пристапувате до платформата за пријава на осигурен случај;
  2. На платформата се најавувате со Вашиот електронски идентитет креиран преку OneID, откако сте се регистрирале и сте креирале OneID профил;
  3. Го избирате датумот на осигурен случај (датумот на користење на здравствена услуга);
  4. Ја прикачувате соодветната медицинска и останата документација, која што  е потребна за обработка и решавање на осигурениот случај;
  5. Процесот на пријава завршува со генерирање на образец за пријава, кој што едноставно дигитално го потпишувате.


Бидете во тек со процесот на решавање на вашето барање — можете да добиете информација за статусот кога сакате и да имате увид во документацијата којашто сте ја потпишале и поднеле.

Доколку не успеете да направите онлајн пријава за надомест на трошоци по здравствено осигурување, можете да поднесете пријава со физичко присуство во просториите на Триглав Осигурување или преку доставување на документите по пошта.

Најчесто поставувани прашања

Дали моите лични податоци се безбедни со OneID?

Да, вашите податоци за идентификација се сосема безбедни со OneID. Вие давате одобрување преку мобилната апликација OneID за секој поединечен пренос на Вашите податоци до мобилните или веб апликации на правните лица чии што услуги сакате да ги користите, а каде што е потребно да се идентификувате или електронски да потпишете.

OneID услугата е обезбедена од Кибс АД Скопје, којшто е регистриран Давател на доверливи услуги и Давател на услуги за електронска идентификација.


Дали клиентите ќе имаат проблем при регистрација на електронски идентитет со документи за лична идентификација со валиден рок, но со старото име на државата.

Доколку документот е со валиден рок на важност, клиентите можат да регистрираат дигитален профил на OneID. Можни се проблеми при верификување на лични карти на стари обрасци, во кој случај клиентот потребно е да се обрати на KibsTrust кој е давател на оваа услуга. Контактите на KibsTrust се е-адреса: helpdesk@kibstrust.com, тел:  02 5513 444.


Што е потребно за да се креира електронски идентитет на OneID?

За издавање на Ваша електронска идентификација - OneID Ви се потребни:

  • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација
  • Валидна e-mail адреса
  • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви)
  • Валидна лична карта или пасош

Напомена: Пред да ја започнете постапката активирајте ги опциите за биометриска идентификација на мобилниот уред (препознавање на лице и отпечаток од прст).

 Чекор 1: Инсталација на мобилната апликација OneID на Вашиот мобилен уред преку AppStore, Play Store или App Gallery, зависно од видот на Вашиот мобилен уред, или преку линкот поставен на веб страницата www.oneid.mk.

Чекор 2: Пополнување на форма за регистрирање на OneID  и давање на согласност за обработка на личните податоци. Прифаќање на условите за користење на услугата и Политиката на приватност. „Регистрирај се“.

Чекор 3: Потврдување на e-mail адресата преку внес на верификацискиот код добиен на истата.

Чекор 4: Најава со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата.

Чекор 5: Далечинска верификација на идентитетот на физичкото лице. Процесот подразбира автоматизирано утврдување на идентитетот преку фотографирање на документ за лична идентификација (лична карта или пасош), правење на профилна слика (selfie) и видео во живо. После успешната верификација на идентитетот, се преминува кон активација на OneID, генерирање и преземање на квалификуваниот сертификат.

Чекор 6: Активација на OneID и преземање на квалификуваниот дигитален сертификат.


Дали можам да извршам пријава на осигурен случај за член на семејството?

Да, можете да пријавите осигурен случај од доброволно приватно здравствено осигурување, но само за малолетно лице кое е член на вашето потесно семејство.

Според Законот за заштита на лични податоци, медицинската документација претставува посебна категорија на чувствителни лични податоци, не е овозможено полнолетно лице да пријавува осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување за друго полнолетно лице.


Како да пристапам и како да се најавам на апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав?

На апликацијата за пријава на осигурен случај по доброволно приватно здравствено осигурување можете да пристапите преку линкот Триглав Осигурување (triglav.mk), се најавувате со внесување на корисничко име (e-mail) и лозинка кои сте ги креирале на OneID апликацијата за да регистрирате Ваш електронски идентитет.


Дали има разлика во начинот за пријава на осигурен случај, односно барање надомест и начинот за барање на гаранција?

Секако постои разлика. За доставување на барање за гаранција за одредена здравствена услуга, најпрво го пополнувате Образецот за барање на гаранција кој може да го најдете на линкот Барање за издавање на гаранција ДЗО - web (triglav.mk) .

  • Во полето Датум на користење на здравствена услуга се внесува датумот од медицинскиот документ кој го прикачувате.
  • Во полето Медицинска документација го прикачувате медицинскиот документ со препораката за која што барате гаранција за здравствена услуга. 
  • Во полето Останато го прикачувате пополнетиот Образец за барање на гаранција.


Дали има друг начин за пријава на осигурен случај освен преку дигиталната платформа?

Да, доколку и понатаму се соочувате со потешкотии при пријава на осигурен случај преку веб апликацијата, имајте предвид дека секогаш е достапна опцијата за пријава  на осигурен случај со поднесување на документацијата во главното седиште на Триглав Осигурување на адреса: Бул. 8-ми Септември бр.16 (поранешен комплекс Ми-Да) секоја работен ден од 08:00 - 16:00 часот или по пошта на истата адреса.

Рокот за пријава на штета по доброволно здравствено осигурување е 90 дена.


ДИГИТАЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА НА ДИГИТАЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВА НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ

I. ЕЛЕКТРОНСКО РАБОТЕЊЕ

1. Воведни одредби

1.1 Со општите услови за користење на дигиталната апликација за пријава на осигурен случај од доброволно здравствено осигурување (во натамошниот текст: „општи услови“) Триглав Осигурување АД, Скопје со седиште на бул.8-ми Септември бр.16, Скопје (во натамошниот текст: Триглав Осигурување), ги утврдува обврските, правата и условите за користење на дигиталната апликација за пријава на осигурен случај од доброволно здравствено осигурување (во понатамошниот текст: „Апликација“).

1.2 Овие општи услови се употребуваат за електронската апликација за пријава на штета од доброволно здравствено осигурување, на која корисникот пристапува преку веб страницата на Триглав Осигурување www.triglav.mk.

1.3 Корисникот на Апликацијата, претходно мора да биде регистриран корисник на апликацијата OneID.

1.4 Овие општи услови важат за сите надградби, нови верзии и какви било други измени на Апликацијата.

1.5 Со користењето на Апликацијата, поединецот потврдува дека е запознаен со овие општи услови, дека се согласува со нив и дека е обврзан со нивните одредби.

1.6 Овие општи услови се обврзувачки за сите корисници на Апликацијата и на корисниците им се достапни на веб страната www.triglav.mk како и во рамките на самата апликација.


2. МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА OneID 

2.1 Мобилна апликација OneID – е апликација која овоможува електронска идентификација пред компании кои нудат услуги за кои имаат потреба од Ваше електронско идентификување. Вие можете електронски да се идентификувате со користење на апликацијата OneID инсталирана на вашиот мобилен уред. Електронскиот идентитет е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до услугата за електронската апликација за пријава на штета од доброволно здравствено осигурување на Триглав Осигурување без да има потреба да посетите шалтер.

2.2 Апликацијата OneID се инсталира на мобилен уред. Потпишувањето на документите на далечина се врши преку мобилениот уред на кој истата е инсталирана, со користење квалификуван сертификат од облак. Податоците за идентификација се безбедни со OneID. Корисникот дава согласност за секој поединечен пренос на податоците до мобилните или веб-апликации на правните лица чиишто услуги сака да ги користи, да се идентификува или електронски да потпише.

2.3 Триглав Осигурување АД, Скопје е правно лице кое има потпишано комерцијален договор со НЕКСТСЕНС ДОО Скопје кој е деловно-технички партнер и дејствува во својство на застапник на КИБС АД Скопје (регистриран издавач на шема на електронска идентификација на високо ниво на сигурност и давател на квалификувани доверливи услуги) и има право да побара од вас да одобрите пренос на вашиот електронски идентитет OneID. За апликации преку кои се пристапува до чувствителни податоци, најавата со корисничко име и лозинка не е доволна. Затоа OneID овозможува безбедна најава на апликации со механизми за силна автентикација. 

2.4 Електронската идентификација во Триглав Осигурување е овоможена само преку апликацијата OneID, производ на компанијата НЕКСТСЕНС ДОО Скопје. Мобилната апликација OneID ви овозможува да креирате електронски идентитет, со кој може да се идентификувате и електронски да потпишувате документи со својот електронски потпис, од кое било место во светот. Креирањето електронски идентитет започнува со преземање на мобилната апликација OneID. Апликација е достапна на Google Play, App Store и App Gallery (минимална верзија Android 6.0 (API level 23) или iOS 11.4). Ажурирањето на личните податоци со електронски идентитет е овоможено само за физички лица кои се полнолетни и се државјани на РСМ.

2.5 За да креирате OneID потребно е да имате:

  • Валидна адреса на е-пошта,
  • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви),
  • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација,
  • Валидна лична карта или пасош,
  • Да бидете евидентирани во регистарот на население на Република Северна Македонија.

Секој чекор во креирањето електронски идентитет преку OneID е на посебен екран и не може да се префрлите на следниот без да го завршите актуелниот чекор.


3. Дефинирање на поими

Изразите, употребени во овие општи услови го имаат следното значење:

  • Корисник на Aпликацијата може да биде физичко лице, клиент на Триглав осигурување и кое има склучено договор (полиса) за доброволно здравствено осигурување.
  • Апликација е дигитална апликација, која на корисниците им овозможува брзо и едноставно пријавување на осигурен случај(штета) по основ на Триглав доброволно здравствено осигурување. Корисник на Апликацијата може да биде осигуреник на доброволно здравствено осигурување;
  • Смартфон или таблет за потребите на овие општи услови претставува уред, кој овозможува инсталирање и функционирање на напредни апликации, кои обичните телефони не ги поддржуваат. Смартфоните или таблетите овозможуваат понапредни можности за пристап до интернет, мултитаскинг, поврзување и имаат можност за користење на напредни функции;
  • Онлајн или мобилна  продавница претставува дигитален начин на дистрибуција на апликации и е наменета за обезбедување или инсталирање софтверски апликации за корисниците и овозможува пренос на мобилни апликации на паметни телефони.


4. Разграничување на одговорноста

4.1 Визит карта на Триглав Осигурување:

Назив: Триглав Осигурување АД, Скопје

Адреса: бул.8-ми Септември бр.16, 1000 Скопје

Даночен број: 4030993129071

Матичен број: 4691130

Основен капитал: 3.009.200,00 EUR

Број на акции: 60.184

Веб страна: www.triglav.mk

Е-адреса: osig@triglav.mk

Триглав Осигурување има дозвола за извршување на осигурителна дејност од страна на Агенција за супервизија на осигурување (АСО) која што врши и надзор над работењето на Триглав Осигурување.

4.2 Триглав Осигурување ќе се залага за:

  • непречено функционирање на Апликацијата, сепак, не е одговорен за прекини или нефункционирање на истата предизвикани од виша сила или дејствија на трета страна кои не можеле да се избегнат или отстранат,
  • воспоставување на работа на Апликацијата што е можно побрзо, доколку дојде до прекин или нефункционирање на истите,
  • за точно и навремено објавување на податоците на веб-страницата на Триглав Осигурување.

4.3. Триглав Осигурување не презема никаква одговорност за надомест на штета или друга одговорност за грешки или пропусти во содржината на Апликацијата, додека Триглав Осигурување го задржува правото да менува, брише, дополнува и ажурира функции на кој било дел од содржината на Апликацијата. Оваа одредба не ја исклучува одговорноста на Триглав Осигурување за штета предизвикана на корисник кој, во согласност со законот со кој се уредуваат правата на потрошувачите, се смета за потрошувач, било со намера или од небрежност.

4.4. Пристапноста на поединечни содржини и/или содржината на Апликацијата и нивото на нивната интерактивност зависи и од начинот на пристап.

4.5. Триглав Осигурување самостојно го определува опсегот на услуги и условите за изведување услуги и се друго во врска со Апликацијата.

4.6. Корисникот на Апликацијата ги користи сите услуги на сопствена одговорност. Ниту Триглав Осигурување, ниту кое било друго правно или физичко лице кое учествувало во креирањето и изработката на апликациите не е одговорно за каква било штета што произлегува од какви било промени во Апликација, траен или привремен прекин на обезбедувањето на користење на Апликацијата,  или кои било елементи во рамките на Апликацијата, какви било грешки или недостатоци во содржината, неточен внес на податоци, како и фактот дека корисникот на Апликацијата, не ги обезбедил податоците од Апликацијата и ја зачувал нивната доверливост. Исклучувањето од одговорност на Триглав Осигурување се применува без разлика дали Триглав Осигурување бил запознаен со настапувањето на таквата штета или требал или можел да биде свесен за можноста за нејзиното настапување. Триглав Осигурување исто така не е одговорен за формата и содржината на податоците, добиени преку линкови, кои не се во сопственост на Триглав Осигурување.

4.7. Триглав Осигурување не е одговорен за какви било информации што се погрешно или неовластено добиени, пренесени или откриени од корисникот на Апликацијата, ниту за последиците од таквите дејствија што предизвикале или би можеле да предизвикаат штета на корисникот или на трети лица.


5. Технички услови

5.1 Пристап до Апликацијата имаат само корисниците кои претходно регистрирале профил на мобилната апликација OneID.

5.2 Апликацијата може да се користи исклучиво во согласност со целите предвидени во овие општи правила и услови.

5.3 Триглав Осигурување го задржува правото да престане да обезбедува пристап до Апликацијата, или нејзини одделни функции, без претходно да го извести корисникот.


6. Начин на пријава на штетен настан преку Апликација

6.1 Корисникот на Апликацијата кој претходно мора да биде корисник на апликацијата OneID, може да пријави штета по основ на доброволно здравствено осигурување брзо и ефикасно со обезбедување и доставување на потребните податоци и целокупната медицинска документација без пополнување формулари и посети на Триглав Осигурување.

6.2 Мобилната апликација OneID обезбедува валидација на енкриптирани документи, односно секој документ кој е затворен со клуч нема да може да се прикачи и корисникот на Апликацијата ќе треба претходно да го декриптира за да може истиот да биде прикачен.

6.3 Корисник на Апликацијата може да биде осигуреник на доброволно здравствено осигурување.

6.4 Корисник на Апликација може да биде и родител/старател на малолетно дете-осигуреник на доброволно здравствено осигурување.

6.5 Корисникот на Апликацијата треба да ги обезбеди и достави сите задолжителни податоци и медицинска документација кои се бараат со цел да се изврши успешна пријава на штета по основ на доброволно здравствено осигурување.

6.6 Доколку станува збор за доброволно здравствено осигурување кое што родител/старател го има склучено за неговото малолетно дете, пријава на штета преку Апликацијата може да поднесе единствено родителот/старателот на малолетното дете. Родителот/старателот на малолетното дете при поднесувањето на барањето на самата апликација дава изјава со која го потврдува овој факт. Дополнително пред исплата на штетата, Триглав Осигурување по негово оценување може да побара од родителот/старателот да достави непосредно на увид извод од матичната книга на родените за малолетното дете.


7. Промена на податоци

7.1 Кога процесот на пријавата на штета е веќе завршена, корисникот на Апликацијата не може самостојно да ги менува веќе доставените податоци и медицинска документација преку Апликацијата.

7.2 Во врска со промена на податоци и медицинска документација, корисникот може да го контактира Центарот за грижа на клиенти на Триглав Осигурување.


8. Заштита на доверливоста и пријава на неовластена употреба

8.1 Триглав Осигурување, сите податоци добиени преку Апликацијата, кога ги користи ги заштитува како доверливи на таков начин што ќе спречи нивна неовластена или незаконска обработка, случајно губење, уништување или менување.


II. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

1. Контролор на лични податоци

1.1 Триглав Осигурување е контролор на лични податоци кој личните податоци ги обработува во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, Законот за супервизија на осигурување, Законот за облигационите односи и други прописи и подзаконски акти кои содржат одредби поврзани со заштитата на личните податоци.

1.2 Информациите за контролорот се дадени во Глава I. точка 3.1 од овие услови.

1.3 Офицерот за заштита на личните податоци може да се контактира преку адресата:  Триглав Осигурување АД, Скопје, Офицер за заштита на лични податоци, бул.8-ми Септември бр.16, Скопје и преку електронска адреса: oficer.lp@triglav.mk.

1.4 Во однос на целите и правниот основ за обработка на личните податоци, роковите на чување, остварување на Вашите права и пренос на личните податоци преку Апликацијата можете да најдете во делот на Апликација „Политика на приватност  за користење на дигитална апликација за пријава на осигурен случај по доброволно здравствено осигурување“.

1.5 За подетални информации за обработка на лични податоци од страна на Триглав Осигурување како контролор може да најдете во Политика за приватност на Триглав осигурување АД, Скопје

III. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ

1.1 Корисникот на Апликацијата се обврзува дека нема да ја користи Апликацијата за нелегални цели или цели спротивни на овие општи услови. Не е дозволено користење на Апликацијата на начин што може да ги оштети, оневозможи, преоптоварува или наштети на Триглав Осигурување и на другите клиенти на Триглав Осигурување или останатите компании од Групацијата Триглав.

1.2 При пренос на какви било податоци и информации при користење на Апликацијата, корисникот му гарантира на Триглав Осигурување дека податоците и информациите се вистинити и точни и дека, во случај ако обезбеди информации во форма на документи (на пример фотографии од случајот на штета или пак медицинска документација), е носител на соодветните права или дозволи, врз основа на кои може законски да располага со нив.

IV. ГУБЕЊЕ И КРАЖБА НА МОБИЛЕН УРЕД НА КОЈ Е ИНСТАЛИРАНА АПЛИКАЦИЈАТА OneID

1.1 Корисникот ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на мобилниот уред на кој е инсталирана апликацијата OneID.

1.2 Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на апликација OneID, како и на политиката за приватност при користење мобилен уред.

1.3 Во случај на губење или кражба на мобилниот уред, Корисникот сноси финансиска одговорност за евентуалната злоупотреба на личите податоци. Доколку Корисникот не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на мобилниот или друг уред и апликација OneID, одговорен е за секоја нивна злоупотреба.

V. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОДРЕДБИ ВО ВРСКА СО ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

1. Право на интелектуална сопственост

1.1 Сите податоци, слики и други информации на веб-страницата на Триглав Осигурување и во Апликација се предмет на авторско право или друга заштита на индустриската сопственост, како што е дефинирано со релевантниот закон кој ја регулира заштитата на авторските права и правата од индустриска сопственост.

1.2 Со користење на Апликација, корисникот се стекнува со непреносливо и не ексклузивно право да ја користи апликацијата. Правото на користење од оваа точка се однесува само за некомерцијални цели. Триглав Осигурување не пренесува други материјални авторски права или права од индустриска сопственост на корисниците на Апликацијата,  ниту пак му дава право на корисникот за употреба на трговски марки, логоа, интегрирани графички слики што се во сопственост или поседување на Триглав Осигурување. Корисникот не смее да прави копии од Апликацијата,  да ја инсталира на сервер или друга платформа, да ја изнајмува,  или да дава под лиценца за нејзина употреба, да ја преработува или на друг начин да интервенира во работењето на Апликацијата.


2. Кодекси за постапување и нивна достапност

2.1 Триглав Осигурување се води според Кодекс на Групацијата Триглав, со којшто се претставуваат темелните вредности и начела на работење, законско и етичко достигнување на деловните цели, стратешки насоки и предности во однос на конкуренцијата, со почитување на начела и стандарди за чесно и транспарентно работење.


3. Решавање на технички проблеми

3.1 Во случај на проблеми со функционирањето на Апликацијата или прашања во врска со овие општи услови, корисникот може да го контактира Центарот за грижа на клиенти на Триглав Осигурување на телефонскиот број +389 2 510 2222 или електронската адреса contact@triglav.mk.

 

4. Решавање спорови

4.1 Триглав Осигурување и корисникот на Апликацијата (ќе ги решаваат сите евентуални спорови спогодбено. Доколку споровите не може да се решат спогодбено споровите ќе се решаваат пред месно надлежниот суд на територијата на Република Северна Македонија.

4.2 Електронскиот документ има иста правна и доказна сила како и писмената форма на документот, согласно со закон. Електронскиот документ не може да се оспори како доказ во управна или судска постапка, само затоа што е создаден во електронски облик. Кога со закон е утврдена писмена форма на документите или актите, електронскиот документ се смета за документ или акт во писмена форма.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

1.1 Секогаш важечките општи услови се објавени на веб-страницата на Триглав Осигурување www.triglav.mk.

1.2 Триглав Осигурување го задржува правото да ги промени овие општи услови во секое време. Обврската за известување за промената се исполнува со соодветно објавување на општите услови на веб-страницата. Измените на општите услови стапуваат во сила со денот на нивното објавување, освен ако со истите не предвидено поинаку.




Политика за приватност
Корисничко упатство