Стабилната среднорочна прогноза, укажува на очекувањето на S&P, дека Триглав ќе продолжи да остварува одлични резултати
S&P Global Ratings (во понатамошниот текст: S&P) го унапреди финансискиот и кредитниот рејтинг на Групација Триглав од „A“ на „A+“, со што беа унапредени и рејтинзите на матичната компанија Заваровалница Триглав и на членката на групацијата – Позаваровалница Триглав Ре. Унапредениот рејтинг има стабилна среднорочна прогноза, што укажува на очекувањето на S&P дека Триглав ќе продолжи да остварува одлични резултати, ќе ја задржи цврстата капитална позиција и водечката позиција во Словенија, продолжувајќи истовремено со профитабилна експанзија на меѓународните пазари. S&P го унапреди и рејтингот на двете субординирани обврзници на Триглав од „BBB+“ на „A-“.
S&P го истакнува силниот учинок на Триглав во изминатите 18 месеци, како и предностите што произлегуваат од неговата водечка позиција на пазарот во Словенија и профитабилната експанзија на меѓународните пазари. Во согласност со својата стратегија, Триглав ја зголемува меѓународната диверзификација во своето работење, во поглед на обемот на работење и на изворите на приходи, што според S&P значително ја зголемува идната способност за остварување добивка.
S&P наведува дека унапредувањето на кредитниот рејтинг на Групација Триглав е поттикнато од неодамнешното зголемување на кредитниот рејтинг на Република Словенија од „AA-“ на „AA“ со стабилна среднорочна прогноза. S&P ја потенцира важната улога на Групација Триглав во словенечката економија, која што ја оценува како силна и отпорна, и, го истакнува позитивното влијание на Словенија како влијателен чинител врз финансиската стабилност и кредитната способност на Групацијата.
Стабилната среднорочна прогноза, што го придружува високиот кредитен рејтинг „A+“, укажува на очекувањето на S&P дека Триглав ќе продолжи да остварува одлични резултати, ќе одржи исклучително цврста капитална позиција и ќе постигне профитабилен раст на меѓународните пазари, потпирајќи се на својата водечка позиција во Словенија.