Агенцијата AM Best повторно му додели висок кредитен рејтинг „A“ на Триглав

Групацијата Триглав има добра билансна состојба како резултат на дисциплинирано преземање на ризици од осигурување

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best (во натамошниот текст: агенцијата), во рамките на  редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одличнo) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „А“ (одлично). Сите поединечни елементи на рејтингот се на исто ниво како и минатата година. Кредитните рејтинзи на двете компании имаат стабилна среднорочна прогноза.

Агенцијата повторно ја оцени билансната состојба на Групацијата Триглав како многу цврста, а нејзините оперативни перформанси како одлични. Влијанието врз кредитниот рејтинг од деловниот профил и од мнозинските акционери е оценето како неутрално. Агенцијата смета дека управувањето со ризици на компанијата е развиено и соодветно, со оглед на обемот на работење, како и избраниот профил на ризик на Групацијата Триглав. Потврдувајќи го високиот кредитен рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата ја истакна нејзината стратешка важност за Групацијата Триглав, заедно со нејзината добра интеграција во Групацијата.

Цврстата билансна состојба на Триглав се темели на капитализација, прилагодена на ризици, која што е на највисоко ниво. Во соопштението се наведува и дека Триглав внимателно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници. Во своето портфолио за животно осигурување, Групацијата постојано ја намалува својата изложеност на производи со загарантиран поврат во последниве години и нивното влијание, исто така, се усогласува со зголемениот инвестициски принос, поттикнат од зголемувањето на каматните стапки.

Одличното оперативно работење на Групацијата произлегува од одличниот технички резултат во доменот на неживотни осигурувања на домашниот пазар и од здравиот приход од инвестиции во овој сегмент. Како лидер на пазарот во Словенија и поширокиот регион, Групацијата Триглав ефикасно ги користи придобивките на економиите на обем во своето работење и добро диверзификуваното портфолио на производи. AM Best очекува целогодишните резултати на Групацијата Триглав да бидат под влијание на загубата во сегментот на здравствено осигурување како резултат на ограничувањето на цената за дополнително здравствено осигурување во Словенија и природните катастрофи (особено поплавите во Словенија); сепак, се очекува овие загуби да бидат во рамките на толеранција на ризици на Групацијата.

Соопштението за печат на AM Best е објавено на веб страната www.triglav.eu/en, во делот Односи со инвеститорите

 

Complementary Content
${loading}