Во првата половина на годината, Групација Триглав со зголемен обем на работење и високи загуби во здравственото осигурување

Намалувување на процената на планираниот годишен резултат за околу 80 проценти

Начинот на промена во словенечкото здравство и катастрофите од историски размери ја намалуваат процената на планираниот годишен резултат за околу 80 проценти

Групацијата Триглав во првата половина од годината го зголеми вкупниот обем на работа на 955,4 милиони евра и оствари 10,5 милиони евра профит пред оданочување. Овогодинешното неочекувано ограничување на цената на дополнителното здравствено осигурување во Словенија предизвика голема загуба во сегментот на здравственото осигурување, која на полугодишно ниво изнесува 30,9 милиони евра, што значително се одразува на полугодишниот резултат на Групацијата Триглав. Природните катастрофи во Словенија и регионот, а особено невремето, кое што предизвика поплави во јули и август, резултираше со историски високи загуби за Групацијата Триглав. Сегашната проценка достигнува меѓу 150 и 200 милиони евра. Земајќи ја предвид заштитата од реосигурување, се проценува дека нивното негативно влијание врз добивката на Групацијата ќе биде помеѓу 40 и 50 милиони евра. Поради загубите во сегментот на здравственото осигурување и штетите предизвикани од природни катастрофи, се проценува дека годишниот деловен резултат на Групацијата Триглав пред оданочување ќе биде за околу 80 отсто помал од планираниот. Проценката се заснова на претпоставката за нормални оштети побарувања до крајот на годината. И покрај тешките околности, Групацијата одржува висока капитална адекватност. Таа продолжува да ја спроведува својата стратегија во насока на раст, развој и одржливи амбиции.

Деловен резултат на Групацијата Триглав. Групацијата во првата половина од 2023 година оствари профит од 10,5 милиони евра пред оданочување, кој во еднакви делови доаѓа од осигурителни и неосигурителни активности. Во доменот на осигурување изнесува 5,1 милион евра и се должи на позитивните резултати од финансиски вложувања (10,2 милиони евра) и негативниот резултат во осигурително-техничкиот дел на активности (-5,1 милиони евра). Негативниот резултат е предизвикан од високата загуба од 30,9 милиони евра во сегментот на здравственото осигурување. Оваа загуба ги анулира добрите полугодишни резултати на сите останати осигурителни сегменти заедно. Во согласност со сметководствените стандарди, веќе е призната во полугодишните извештаи на Групацијата во соодветниот износ. Резултатот од неосигурителни активности изнесува 5,4 милиони евра и доаѓа главно од управување со средства на клиенти во заеднички фондови и индивидуално управување. Андреј Слапар, Претседател на управниот одбор на Заваровалница Триглав, рече: „Во тешки околности, го зголемивме вкупниот обем на деловно работење во однос на претходната година и добро се претставивме во двата сегменти, но овогодинешната ненадејна промена во словенечкиот здравствен систем со регулирање на цената на дополнителното здравствено осигурување предизвика загуба во сегментот на здравственото осигурување. Висината на цената имаше значително влијание врз полугодишните резултати на Групацијата“.

За работењето на Групацијата Триглав до крајот на годината, Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Имајќи ги предвид сегашните околности, нашата грижа, пред сѐ, е насочена кон страните кои претрпеа штети во елементарните непогоди. Воедно, би сакал да му се заблагодарам на целиот тим, кој се фокусира на што побрзо решавање на штетните побарувања и соодветно на тоа, да им помогне на луѓето да ги пребродат последиците од оваа природна катастрофа. Во Триглав сметаме дека штетните побарувања се дел од нашето работење. Имаме воспоставен систем на реосигурителна заштита и робустен деловен модел со ефективен систем за управување со ризици. Сметаме дека овогодинешната сума на оштетни побарувања ќе достигне вредност меѓу 150 и 200 милиони евра, што е историско ниво. Нивното влијание врз деловниот резултат на Групацијата значително ќе го надмине долгорочниот просек и, според сегашните проценки, ќе изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра. Проценуваме дека поради овие два фактори, елементарните непогоди, кои што предизвикаа масовни штети и промените во здравствениот систем во Словенија, а под претпоставка за нормални оштети побарувања до крајот на годината, нашиот деловен резултат оваа година ќе биде за околу 80 проценти помал од првично планираниот. Групацијата Триглав останува финансиски стабилна, и одржува висока капитална адекватност.

Резултати од работењето на Групацијата во првата половина на 2023 година. Преку активно имплементирање на стратешките насоки, Групацијата оствари вкупен деловен обем од 955,4 милиони евра (индекс 111). Расходите од издадените договори за осигурување се зголемени на 632,9 милиони евра (индекс 115), од кои најголем раст од 31% е остварен во сегментот на здравственото осигурување. Оперативните трошоци на Групацијата изнесуваат 214,4 милиони евра (индекс 114), при што најголем пораст има кај трошоците за аквизиција на осигурување, во согласност со растот на обемот на деловното работење. Урош Иванц, член на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Минатогодишното прилагодување на премиите за осигурување во однос на инфлацијата веќе се рефлектира во овогодинешните деловни приходи, но сè уште не успеавме целосно да ги надоместиме зголемените деловни расходи како резултат на инфлаторните притисоци, кои беа присутни од почетокот на 2022 година“.

Комбинираниот количник на имотно и здравствено осигурување на Групацијата изнесува 102,2%. Маржата за договорните услуги, која што ја вклучува нереализираната, а очекувана добивка од договорите за осигурување, достигна 208,7 милиони евра (индекс 112), во која што новореализираниот дел од маржата претставува учество од 9,5%. Под влијание на поволните услови на финансиските пазари, останатите сеопфатни приходи изнесуваат 8,7 милиони евра. Нето годишната профитабилност на капиталот на Групацијата изнесува 2,3%.

За влијанието на меѓународниот сметководствен стандард МСФИ 17 врз компаративните податоци за првата половина од минатата година, членот на управниот одбор на Заваровалница Триглав, Урош Иванц, дополнително објасни: Согласно меѓународните сметководствени стандарди МСФИ 17 и MСФИ 9, резултатите од минатата година се значително пониски, споредено со претходно важечките стандарди МСФИ 4 и МСС 39, што главно се однесува на разликите во вреднувањето на осигурително-техничките резерви и признавањето на ревалоризациските ефекти на финансиските вложувања. На минатогодишниот резултат, според МСФИ 17, негативно влијаеше дополнителното креирање резервации поради значително зголемување на инфлацијата, додека, за разлика од МСФИ 4, на резултатот не влијаеа позитивно ефектите од ослободувањето на резервациите од претходните периоди, што особено внимателно беше разгледано.

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, на седницата одржана на 30.08.2023 година, помеѓу останатото, даде позитивна оценка на Алеш Кошичек и Јања Стрмљан Чевња, како дел од последователната процена за компетентност и подобност на членовите на Надзорниот одбор, претставници на работниците, кои ги именуваше Работничкиот совет на друштвото.

 

 

Complementary Content
${loading}