Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување
Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучени зделки со заинтересирана страна:
1. Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 229-та седница одржана на ден 23.09.2025 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на посеви и плодови за 2025 година со Триглав Ре Љубљана бр.02-116889/1 од 23.09.2025, врз основа на која на ден 17.10.2025 година е склучен Договор за реосигурување на посеви и плодови за сезоната 2025 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана, Словенија.
Вредноста на договорот изнесува 31.010 евра, а неговата реализација ќе зависи од настанувањето на штетен настан за предметот на реосигурување.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре, Љубљана, Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.
2. Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 229-та седница одржана на ден 23.09.2025 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на ризикот осигурување на побарувања за 2025 година со Заваровалница Триглав д.д. Љубљана бр.02-116892/1 од 23.09.2025. Врз основа на донесената Одлука, нa ден 17.10.2025 година, е склучен Квотен Договор за реосигурyвање на побарувања за 2025 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија.
Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 евра во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 евра во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, Словенија произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.