Одлука за одобрување на склучување на Договор за користење на SaaS услуга со Заваровалница Триглав д.д. и Триглав Осигурување Живот АД
Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва Триглав Осигурување АД, Скопје известува за склучена зделка со заинтересирана страна:
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 227-та седница одржана на ден 12.06.2025 година, донесе Одлука број 02-71541/1 за одобрување на склучување Договор за користење на SaaS услуга (Software as a Service) со Заваровалница Триглав д.д. и Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, врз основа на која на ден 19.09.2025 година е склучен Договор за користење на услугата i.triglav помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д..
За вршење на предметните услуги кон Заваровалница Триглав д.д. ќе се исплаќа месечен надоместок во нето износ од 775,00 eвра, за цело времетраење на договорниот однос.
Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д. произлегува од тоа што сите друштва се членки на Групацијата Триглав.