Со осигурувањето од пожар можете да ги осигурите сите видови градби, како и сите нивни делови, вклучувајќи ги темелите и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации и останатата вградена механичка опрема (централно греење со цистерна за гориво, грејачи, климатски направи, хидрофори, лифтови и слично). Покрај недвижниот имот можете да го осигурите и имотот што се наоѓа во објектот и е сопственост на осигуреникот (лични предмети и покуќнина).
Пожар е само една од темелните опасности, која ги покрива осигурвањето од пожар. Ова осигурување ги покрива и штетите кои се причинети од честите опасности како што се гром, експлозија, луља, град и други.
Ова осигурување можете да го дополните и проширите и на други опасности како што се земјотрес, поплава, излевање на вода од водоводни или одводни (канализациски) цевки, земјени одрони и снежни лавини, удар од моторно возило кое не е сопственост на осигуреникот, истекување на течности или плин, поплава од атмосферска вода од стреи во градбите, и слично.