КОГА ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД ЗЕМЈАТА, ПОТРЕБНА ВИ Е ЗЕЛЕНА КАРТА

Осигурувањето на вашиот автомобил важи и во странство - затоа ви е задолжително потребна зелена карта.

Секогаш кога патувате со возилото во странство, на граничните премини ќе ви побараат и зелена карта. Таа ве штити доколку предизвикате сообраќајна незгода во странство.

Валидноста на зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за автомобилска одговорност. Доколку осигурувањето од автомобилска одговорност е направено кај нас, во Триглав Осигурување, во тој случај задолжително обезбедете и зелена карта од Триглав.

Сите штети предизвикани со вашето возило, во ваше име ги надоместува Триглав Осигурување.

Тука спаѓаат:

  • материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
  • нематеријални штети (повредени или загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.


ВНИМАНИЕ!

Доколку имате сообраќајна незгода во странство за која не сте виновни, зелената карта не ве штити и не ги покрива штетите. Во овој случај треба да се јавите во бирото за зелена карта во земјата каде е настаната сообраќајната незгода или директно во осигурителната компанија на личноста која ја предизвикала незгодата. Таму детално ќе ве информираат што треба да направите. Телефоните и адресите на бироата за зелена карта се наведени на задната страна од зелената карта.

За дополнителен совет можете да се јавите и на нашите телефони: +389 2 5102 102 / +389 2 5102 103

Наједноставен начин да ја надоместите вашата штета настаната во странство е со каско осигурување. 


Дознајте повеќе за осигурувањето

Надомест на штета
Како да постапите при сообраќајна незгода
Обврски по враќање во земјата

Вие лично нема потреба да надоместувате никаков дел од штетите настанати на трети лица. Иако сте виновни за незгодата, потребно е само да ја покажете зелената карта и сите трошоци ќе ги надомести Триглав Осигурување, без разлика на висината на износот, но до законското ограничување на земјата каде што се случила сообраќајната незгода. Триглав Осигурување е членка на Европскиот систем на зелена карта и има свои коресподенти низ цела Европа.

Доколку доживеете сообраќајна незгода во странство:

  • не го поместувајте возилото;
  • поставете соодветен знак за предупредување на другите учесници во сообраќајот;
  • погрижете се за повредените лица;
  • повикајте полиција;
  • направете фотографии од местото на настанот и состојбата на возилата;
  • разменете копии од зелените карти со другиот учесник и/или дадете ги истите на полицијата;
  • побарајте белешка од полицијата;
  • пополнете формулар доколку полицијата го побара тоа од вас и внимавајте на објективноста на скицата во истиот;
  • доколку имате некаков проблем, јавете се во Триглав Осигурување во вашиот град или во централата: +389 2 5102 222.

По враќање назад, веднаш пријавете ја штетата во Триглав Осигурување. Штетата на возилото, настаната надвор од земјата, можете да ја пријавите на еден од следните начини:

  • лично, во просториите на компанијата,
  • на e-mail адресата steti@triglav.mk,
  • по факс: +389 2 5102 297,
  • по пошта, со писмена изјава.
Ова е единствен начин да ве заштитиме од побарувањата за надомест на штета, кои што се директно упатени до вас.

Триглав бизнис комплет

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.
Повеќе