За непречено работење

Оштетувањето или расипувањето на машините, уредите и алатите е голем трошок за компанијата, затоа осигурете го вашиот бизнис од овие непредвидени и непотребни трошоци.

Осигурувањето покрива уништување или оштетување на машини, механички уреди, електрична опрема, инсталации, како и основи и лежишта, основни машини и полнења на електричните направи (како на пример. масло), доколку се опфатени во вредноста на машината.  

Предметите можат да се осигурат и за време на пренос и превоз. Во тој случај предметите се осигурени во случај на штета предизвикана од сообраќајна незгода, одредени пожарни опасности, како и од провална кражба и разбојништво.  

Обезбедете дополнително и некое од следните покритија

Дополнително можат да се осигурат и далноводи, плиноводи, нафтоводи, топловоди, пароводи, водоводна и одводна мрежа, кабли со висок напон, метални силоси, антенски столбови, метални конструкции, термички облоги на печки, електронски компјутерски програми вградени во машините, како и шипки за бушење и придружна опрема на машините за длабинско дупчење.