Осигурување на пловни објекти

Доколку сакате да пловите и сте сопственик на пловен објект, погрижете се за соодветно осигурување. На тој начин ќе заминете на пат со една грижа помалку.

Пред сè, погрижете се да склучите задолжително осигурување од одговорност за да ја покриете секоја штета предизвикана на трети лица. Не заборавајте за сеопфатно осигурување во случај на физичка загуба или оштетување на вашиот брод.

Триглав Осигурување обезбедува осигурување на секој пловен објект кој што е во пловна состојба, како во водите на Република Македонија, така и за време на пловидба надвор од границите на земјата. Пловилата се осигурени за време на пловидба, мирување, укотвување, како и од одговорност за штети причинети на трети лица.

Осигурувањето на пловниот објект ги опфаќа трупот, инсталациите, уредите, инвентарот и опремата, редовните залихи на гориво, масла и други бродски материјали, залихи на храна и пијалаци потребни за посадата на бродот.

Осигурување од одговорност за штети причинети на трети лица

Осигурувањето од одговорност, за штети причинети на трети лица, ги покрива штетите предизвикани непосредно, или посредно од осигурениот пловен објект, поточно:
 

  • штети предизвикани на друг пловен објект поради судир, удар или на друг начин;
  • штети направени со пристанишни уреди, навози, гатови, кејови, кабли, или со кој било друг прицврстен или подвижен предмет на копно или во вода;
  • штети причинети со излевање или исфрлање од пловниот објект на материи штетни по животната средина;
  • трошоци, за мерките превземени по барање на осигурувачот, заради заштита од неоправдани, или претерани барања на трети лица, како и трошоци на разумни мерки, што ги превзел осигуреникот, без согласност на осигурувачот, доколку таквата согласност не можел да ја добие благовремено;
  • побарувања за телесни оштетувања, до сумата ограничена за одговорност на бродарот.

Погледнете и други можности