Осигурете ги стаклата и обезбедете дополнителна заштита

Осигурувањето на стакла ја покрива штетата настаната поради распукување и кршење на стаклото.

Покрај стакло се осигуруваат и следноте елементи:

  • светлечки и рекламни натписи;
  • светлечки и рекламни паноа со придружна опрема или без неа;
  • слики, натписи и украси изработени на осигуреното стакло;
  • плочки од природен или вештачки камен на маси, пултови и полици;
  • сообраќајни огледала;
  • културни, историски и надгробни споменици. 
Дополнително може да се обезбеди и осигурување на предмети во излог, кои можат да се оштетат или уништат поради кршење на осигуреното стакло.