Секогаш кога патувате со возилото во странство, на граничните премини ќе ви побараат и зелена карта. Таа ве штити доколку предизвикате сообраќајна незгода во странство.
Валидноста на зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за автомобилска одговорност. Доколку осигурувањето од автомобилска одговорност е направено кај нас, во Триглав Осигурување, во тој случај задолжително обезбедете и зелена карта од Триглав.
Сите штети предизвикани со вашето возило, во ваше име ги надоместува Триглав Осигурување.
Тука спаѓаат:
- материјални штети (оштетени возила, објекти на патот, итн.);
- нематеријални штети (повредени или загинати лица, надоместоци кон странски здравствени и пензиски фондови, итн.), односно сите штети кои согласно важечките закони во земјата каде се случила сообраќајната незгода им следуваат на трети лица.
ВНИМАНИЕ!
Доколку имате сообраќајна незгода во странство за која не сте виновни, зелената карта не ве штити и не ги покрива штетите. Во овој случај треба да се јавите во бирото за зелена карта во земјата каде е настаната сообраќајната незгода или директно во осигурителната компанија на личноста која ја предизвикала незгодата. Таму детално ќе ве информираат што треба да направите. Телефоните и адресите на бироата за зелена карта се наведени на задната страна од зелената карта.
За дополнителен совет можете да се јавите и на нашите телефони: +389 2 5102 102 / +389 2 5102 103
Наједноставен начин да ја надоместите вашата штета настаната во странство е со
каско осигурување.