Колективна безбедност во случај на болест

Погрижете се за здравјето на вашите вработени.

Вклучете го здравственото осигурување во бенефитите, што ги обезбедувате за своите вработени. Осигурувањето им обезбедува широк спектар на покритија и брз пристап до здравствени решенија и услуги со висок квалитет. Заштитете го нивното здравје, од тоа зависи успехот  на вашата компанија. 

Осигурителната премија зависи од бројот на осигурени лица, како и од изборот на покритија, кои што сакате да ги вклучите.

Видови покритија

Специјалистичко вонболничко и болничко лекување

Со осигурувањето за специјалистичко вонболничко и болничко лекување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.


Осигурување на операции
Едно е сигурно, никогаш не знаеме кога ќе ни треба операција. Затоа е добро да знаеме дека имаме обезбедена подршка и помош во најстресните моменти во животот.  Обезбедете си осигурување на операции, кое што е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување
Малигни заболувања
Осигурувањето на малигни заболувања на Триглав ви нуди навремена дијагностика и резултати. Дополнително, добивате квалитетна здравствена услуга согласно стандардите, посветеност на медицинскиот персонал, современи медицински инструменти и апарати за терапија и дијагностика и секако поддршка во текот на целиот процес на лекување со издавање на гаранции.

Овој производ ви нуди материјална поддршка во најкритичните моменти во животот и шанса за фер борба.
FitKit Active

Ве поттикнуваме да направите нешто повеќе за себе. Триглав, покрај осигурувањето во доменот на здравствена заштита, ви обезбедува пристап до алатка, која што ви овозможува да направите нешто повеќе за вашето здравје. Осигурете го вашето здравје, а ние ќе ви обезбедиме FitKit Active пакет, кој што ви овозможува пристап до мобилната апликација FitKit.

Тешки болести

Производот ви овозможува осигурување во случај на 22 тешки болести. При дијагностицирање на една од овие болести на осигуреникот му следи еднократен надомест од сумата на осигурување за тешки болести.

Триглав бизнис комплет

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.
Повеќе