Заштитете се од провални кражби и разбојништво

Обезбедете се од штетите, кои што можат да настанат поради однесување, уништување или оштетување на осигурените предмети во провална кражба или разбојништво, односно во обид за провала или разбојништво.

Осигурувањето од провална кражба и разбојништво ја покрива предизвиканата штета, односно се осигуруваат украдените, уништените или оштетените предмети при провална кражба или во обид за такво дејство. Осигрувањето покрива и штети што настанале на градежниот објект.  

Дополнително осигурување

Доколку е посебно договорено и ако е пресметана дополнителна премија, особено во музеи, цркви, библиотеки и на изложби, осигурувањето ги покрива и штетите што настанале поради кражба и оштетување предизвикани од посетител.

Осигурувањето исто така покрива штети, кои што во провална кражба или разбојништво, односно при обид за провала или разбојништво настанале на објектот или нејзините делови (sидови, тавани, врати, брави, вградена опрема, инсталација и слично).

Исто така, опфатени се и штетите на внатрешните делови на објектот, односно просторот каде се сместени осигурените предмети, ако сторителот ги причинил при провала или разбојништво поради злонамерни постапки (вандализам).