За безбеден превоз на товар

Товарот е изложен на многу ризици при транспорт по копно, вода или во воздух.

Со карго осигурувањето се осигурува товар, којшто се превезува, од оштетувања, или пак загуби, настанати како последица на  надворешни и неочекувани ризици при превозот.
Карго осигурувањето се смета дека започнува во моментот кога пратката се товари на  превозното средство во земјата на потекло, а завршува во моментот кога пратката ќе се растовари од превозното средство на крајната дестинација.


Видови карго осигурувања

  • Домашно карго осигурување, за товар при транспорт на теритирија на нашата земја,
  • Меѓународно карго осигурување за товар во меѓународен транспорт.


Кој може да склучи карго осигурување?

Осигурувањето може да го склучи лице кое има имотен интерес за товарот, на пример сопственик на товарот, а во негово име осигурувањето може да го склучи и шпедитерот или продавачот.


Како се врши осигурувањето?

Доволно е да се достави уредно пополнета пријава за карго осигурување. Врз основа на оваа пријава, доколку осигурувачот ја прифати пратката во осигурување, се изготвува полиса за осигурување.