Заштитете се од неочекувани настани
Осигурување од општа одговорност
Осигурување од општа одговорност ја покрива штетата којашто настанала како резултат на неочекуван и изненадувачки настан во извршување на дејноста на осигуреникот, за којашто е одговорно друго лице.
Штети се можни и поради грешки во работата
Осигурување од професионална одговорност
Иако совесно работите, грешки се секогаш можни.

Работете одговорно

Осигурувањето од одговорност го штити осигуреникот од побарувања од трети лица за штети што можат да биде предизвикани во текот на нивното работење.

Секојдневно стапувате во контакт со луѓе кога работите и го водите вашиот бизнис. При тоа, можни се непланирани настани, кои што можат да предизвикаат штета на трети лица. Оштетување може да настане и поради употребата на производите што ги произведувате или поради професионална грешка.

Без разлика каде и зошто може да дојде до штети и неочекувани последици, имајте одговорен деловен однос со вашите клиенти и деловни партнери. За да ги намалите потенцијалните финансиски загуби, имајте одговорен однос кон себе и кон вашата компанија - склучете соодветно осигурување од одговорност.

Ви претставуваме две важни осигурувања, кои што ќе обезбедат дополнителна финансиска сигурност на вашиот бизнис, општа одговорност и професионална одговорност.

Триглав бизнис комплет

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.
Повеќе