Триглав бизнис пакети

Одберете ги покритијата кои што најмногу ви одговараат.

Триглав бизнис пакетите се наменети за сите компании во приватниот сектор. 

Во овие пакети можете да ги вклучите најважните и најчестите осигурувања што ги правите за вашата компанија - осигурување на имот, автомобили, осигурување на вработените, транспорт, животно осигурување итн.

Проверете ги постоечките полиси за осигурување, склучете нови и комбинирајте ги сите во еден од деловните пакети наТриглав.


Со Триглав бизнис пакетите добивате:


  • Повеќе осигурени ризици на едно место;
  • Поповолни услови и повеќе покритија и подобри услови;
  • Можност сами да изберете покритие, коешто најмногу ви одговара.


Кои покритија можете да ги вклучите?

Вашиот бизнис пакет зависи од бројот на покритија, коишто ќе ги додадете. Можете да изберете од широка палета на основни покритија:

  • Имотни осигурувања, вклучувајќи осигурување од пожар и други опасности, поплава, земјотрес, провална кражба и разбојништво, кршење стакла, кршење машини, комбинирано осигурување на компјутери и компјутерска опрема,
  • Комбинирано осигурување на домаќинства,
  • Осигурување од незгода,
  • Каско осигурување на автомобили и  Автомобилска асистенција во домен на осигурување на возила,
  • Осигурување од професионална одговорност /општа одговорност,
  • Транспортни осигурувања,
  • Доброволно приватно здравствено осигурување (колективно), како и осигурување од тешки болести,
  • Осигурување на живот.


Триглав бизнис пакети

Триглав бизнис small
Триглав бизнис medium
Триглав Бизнис Premium

Овој пакет го добивате доколку изберете 5 од можните основни покритија. Пакетот ви обезбедува попуст од 7% на основното покритие.

Со 7 одбрани покритија можете да склучите Триглав бизнис medium пакет. Тој ви обезбедува 10% попуст на основното покритие.

Триглав Бизнис premium можете да склучите доколку одберете 10 од наведените покритија. Притоа, си обезбедувате 15% попуст на основното покритие. 

Како до повисок попуст?

Дополнителен попуст од 5% можете да добиете доколку склучите барем тригодишен договор. Дополнително, имате можност попустите да важат и за недвижниот имот на вработените во вашата компанија. 

Попустите важат за незадолжителните класи на осигурување, а право на попуст ви следува при премин кон повисок пакет. Во тој случај, доколку го надградите вашиот пакет, на пример, од медиум во премиум, стекнувате право на зголемување на сумите за осигурување од последици на несреќен случај (незгода) и тоа, за пакетот Триглав бизнис small 10% , за Триглав бизнис medium 20%, додека за Триглав бизнис premium 30%.